Рак (21. VI – 22. VII)

Вторник, 19 Март 2024

Луѓето денес ќе имаат потреба од вашето внимание. Ќе забележите дека добивате многу повеќе повици и прашања од вообичаено. Фокусирајте се на луѓето кои најмногу ви значат, не ги занемарувајте за да бидете покрај некој кој штотуку сте го запознале.

Желни за забава ќе бидете вечерва. Едноставно опуштете се и дозволете интуицијата да ве води.

Март, 2024

Љубов

Зарем сте тоа вие, атрактивни ракови? Дали сте подготвени за авантуристички месец полн со возбуда, патување, новитети и романса? Март ќе ве ослободи од непотребните грижи и ќе ве натера да го живеете животот без задршки.

Убавата Венера и сексапилниот Марс во првите мартовски денови ќе патуваат рака за рака низ вашиот сектор на интимноста и трајното поврзување, зближувајќи ве со партнерот. Либидото ќе ви биде на максимум и ќе ви донесе страсни игри под чаршафите. Можно е да ве изненади позитивен тест за бременост.

Раковите со статус сингл ќе се вљубат на прв поглед. Романтичните чувства брзо ќе ви го обземат телото кога ќе се запознаете со специјална личност со потенцијал за долга врска.

Во првите три недели од март, Сонцето ќе го грее вашиот сектор на ослободувањето, експанзијата и авантурите. Не се двоумете дали да резервирате патување за Денот на жената, туку направете го тоа. Ако сте соло, ќе ве привлече шармантен странец кој ќе го запознаете далеку од дома или онлајн.

Паровите ќе се ослободат од ограничувањата во врската и повеќе ќе експериментираат во спалната соба. Изненадете го саканиот со поспонтано однесување, бидете поопуштени, подетинести и попалави. Исполнете си ја врската со возбуда.

На 11 март, романтичарката Венера ќе се пресели во риби, вашата 9-та куќа на експанзијата, а на 23 март, нејзе ќе ѝ се придружи и сексапилниот Марс. Љубовта ќе ја пронајдете на место каде не сте очекувале дека ќе се вљубите, веројатно далеку од дома. Некои ракови ќе се затрескаат до уши во личност која никогаш не сте ја гледале како потенцијален партнер.

Најнежниот и најчувствителен ден месецов ќе биде 25 март. Полната месечина ќе го осветли вашиот сектор на домот и семејството, носејќи ви нов почеток во него. Можно е да се преселите во заеднички дом со партнерот, да слушнете вест за проширување на семејството или да си ги подобрите односите со женски член од вашата фамилија. Ставете штит пред вашето срце и внимавајте кого пуштате во него.

Работа и пари

Сонувајте големи соништа и не се плашете да ризикувате за да си ги остварите. Сонцето од вашата 9-та куќа ве охрабрува да правите смели чекори на професионален план. Во првите три недели од месецот некои ракови ќе основаат сопствен бизнис, други ќе заминат во странство за да работат, а трети ќе одлучат да го продолжат образованието.

Младата месечина месецов ќе настапи на 10 март во вашиот сектор на претприемништвото. Ова е ден кога ќе направите смел чекор кон нов почеток на професионален план. Можно е да станете „сам свој газда“, да започнете да заработувате од свое хоби или да се запишете на обука за стекнување нова вештина.

Меркур, планетата на комуникацијата, на 10 март ќе премине во вашиот сектор на кариерата и долгорочното планирање. Зборовите ќе бидат моќно оружје со кое ќе си ги постигнете и највисоките цели на работното место. Ако сметате дека заслужувате нешто повеќе од она што го добивате, сега е време да го кренете вашиот глас.

Во последните 10 дена следете си ги амбициите без разлика што ви зборуваат луѓето околу вас. Дури и да ве убедуваат дека целите ви се недостижни, не им верувајте, туку самоуверено одете напред. Ќе успеете.

Здравје

Март е за експерименти. Колку поразнообразни ќе ви бидат тренинзите и исхраната, толку помотивирани ќе бидете да ги следите. Наполнете го „тефтерот“ со нови рецепти за здрави оброци, наоружајте се со нови видеа за енергични вежби или запишете се на часови по зумба, аеробик, кик бокс, крос фит или нешто што никогаш досега не сте го пробале.

Важно е да внимавате како тренирате, бидејќи месецов можни се проблеми со зглобовите. Уверете се дека правилно ги изведувате вежбите.

2024 година

Љубов

Во 2024 година ќе тргнете на трансформативно патување под влијание на небесниот танц на планетите.

Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, ќе биде заслужна за исполнување на многу ваши желби. Таа по двапати (на почетокот и на крајот на годината) ќе ги посети јарец и водолија, вашите сектори на партнерствата и интимноста. Венера ќе ве направи посклони кон започнување на нова љубовна врска, приредувајќи ви средби кои разгоруваат фантазии и го растреперуваат срцето. Најголема е веројатноста да сретнете специјална личност пред стартот на студената сезона. Најладните месеци ќе бидат најромантични, најжешки и највозбудливи за вас.

Од 13 февруари до 23 март Венера ќе танцува низ вашиот сектор на интимноста и интензивните емоции, па ќе копнеете за неконвенционална романса. Ќе експериментирате со нови начини за поврзување со партнерот и ќе ја истакнете сензуалноста повеќе отсекогаш. Ако сте сингл, ќе привлечете некој кој ќе ве натера да ги ставит под знак прашалник вашите традиционални сфаќања за љубовта.

Сонцето од 19 април ќе започне едномесечно патување во вашиот сектор на кариерата, па веројатно ќе се соочите со потешкотии со балансирањето помеѓу работата и личниот живот. Сонцето ќе ве поттикне да пронајдете хармонија помеѓу вашите професионални амбиции и емотивните потреби.

Не планирајте ништо во љубовта во втората половина од годинава, затоа што најубавите случки ќе доаѓаат спонтано. Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, од 26 мај ќе патува во вашата 12-та куќа на фантазиите и сродните души. Оваа планета ќе ве натера да престанете да ги оценувате додворувачите според деталната слика која ја имате во вашата глава за тоа како треба да изгледа совршениот партнер. Јупитер ќе ви покаже дека вашиот идеален сопатник не е лице со кое сте слични, туку лице со кое сте доволно различни за да можете да се мотивирате еден со друг да станете најдобра верзија.

Некои ракови кои се во врска ќе најдат внатрешна сила да му простат на својот партнер за грешка која им ги нарушила односите, други одлучно ќе речат „крај“, додека трети ќе ги сместуваат своите фантазии во реалноста. Не грижете се, Јупитер е во вашата 12-та куќа за да ве подготви за крајот на едно поглавје, но и за почеток на ново, многукратно подобро.

Венера ќе патува низ вашиот знак од 17 јуни до 11 јули, носејќи ви љубовни мигови за паметење. Ќе доживеете многу жешки летни ноќи со личност која ќе ви се протне под кожа.

Младата месечина на 6 јули ќе настапи во вашиот знак и за некои ракови ќе означи почеток на возбудлива врска која ќе се развива со брзо темпо.

Од 20 јуни до 22 јули ставете се себеси на врвот од листата со приоритети додека Сонцето го осветлува вашиот знак.

Од 29 август до 23 септември, Венера, планетата на љубовта, ќе патува во вашиот сектор на домот и семејството. Раковите кои се во брак најмногу ќе го почувствуваат позитивното влијание на Венера и ќе негуваат врска на која сите ќе им завидуваат.

Младата месечина на 1 ноември ќе настапи во вашиот сектор на страста и флертувањето. Ќе освојувате срца со молскавична брзина и ќе оставате силен впечаток каде и да се појавите. Ова е ден кога сексуалната возбуда ќе достигнува кулминација.

Во последните три недели од 2024 година, односно по 7 декември, Венера ќе го акцентира вашиот сектор на интимноста, интензивирајќи ги вашите љубовни чувства. Ќе се чувствувате како да не можете да живеете без саканиот и неговите допири. Не сте во врска? Веројатноста да ја завршите 2024-та сами е минимална. Некој ќе успее набрзина да продре во вашето срце.

Пари и работа

2024 година ќе ви донесе огромна динамика на бизнис фронтот. Марс од 4 јануари до 13 февруари ќе остане во јарец, вашиот сектор на партнерствата. Некои ракови ќе се здружат со доверлив соработник за побрзо да си го наполнат паричникот. Марс е голем „мотиватор“, што значи дека ќе ги држите очите широко отворени и ќе ја зграпчувате секоја можност да се докажете.

Проверете ја својата банкарска сметка на 25 јануари. Под светлината на полната месечина во вашиот сектор на работата и парите, ќе финиширате проект кој ќе ви донесе голем прилив на пари.

Сатурн, планетата на структурата, ќе ја помине првата половина на 2024 година во директно движење во вашата 9-та куќа, учејќи ве дека треба да ризикувате за да бидете успешни, но Јупитер постојано ќе ве потсетува дека ризиците треба да бидат пресметани и поддржани со добар план. Можно е да ви се пружи можност да заминете на работа или студии во друга држава, а ако имате свој бизнис, да го проширите зад граница. Сатурн е за бавен, но сигурен напредок, па не очекувајте резултати преку ноќ. Успехот ќе доаѓа за вас во повеќе бранови, бидете трпеливи.

Работата и задоволството ќе се мешаат во периодот од 29 април до 23 мај, кога Венера ќе престојува во бик, вашата 11-та куќа на групните активности. Во ваш интерес ќе биде да се зближувате со колегите и бизнис соработниците надвор од работното место.

Од 17 јуни до 2 јули Меркур, планетата на комуникацијата, ќе патува низ вашиот знак, па ќе бидете безгрешни на преговарачка маса. Во секој момент ќе знаете што да кажете за да извлечете повеќе за себе. Ова е одличен период за потпишување долгорочни договори и спогодби за партнерство.

Доколку сакате да започнете нов проект, направете го тоа на 6 јули. Тогаш настапува млада месечина во рак, маркирајќи идеален ден за започнување на профитабилни проекти.

На 15 август Меркур, планетата на комуникацијата, ќе влезе со ретроградно движење во вашиот сектор на работата и парите. Во периодот до 28 август можно е да почувствувате дополнителна тензија на работното место поради недоразбирања со клиентите. Доколку работите со компјутер, во овој период задолжително копирајте ги важните податоци на две различни места.

Во периодот од 2 септември до 12 октомври Плутон ќе се движи ретроградно во јарец. Ќе сфатите дека за да можете вие да се истакнете, неопходно е да прекинете да заштитувате одредена личност и да си ја трошите целата енергија напразно.

Од 26 ноември до 15 декември Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на организираноста. Можно е да се соочите со недоразбирања со колегите предизвикани од хаотичната комуникација на работното место.

Здравје

Не очекувајте големи промени во здравјето во 2024 година. Акцентот е ставен на менталното здравје и одржувањето на баланс и внатрешна хармонија. Фокусирајте се на длабоките емоции кои вообичаено ги игнорирате.

Од 20 мај до 20 јуни ќе ве мачи недостиг на енергија и често ќе заминувате порано во спалната соба. Одморот ќе ви помогне да ги наполните батериите пред да настапи вашиот период од годината. На 20 јуни Сонцето ќе го осветли вашиот знак, давајќи ви енергија како ретко кога дотогаш.

Во периодот по 9 октомври Јупитер ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на одморот, што значи дека ќе ви биде потребен дополнителен сон. На крајот на 2024 година, мозокот ќе ви работи прекувремено и препорачливо е почесто да му обезбедувате паузи преку спиење.

Комуникативниот Меркур од 26 ноември до 15 декември ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на здравјето, зголемувајќи го ризикот од респираторни проблеми. Избегнувајте гужви и лица кои имаат симптоми на настинка или грип.

Општи карактеристики за рак

Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.

Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста.

Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.

Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни.

Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение.

Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.

Симбол:
Рак

Симболизира:
Мајчинство и мајчинска љубов, семејство, дом, жена, чувства, родина, реки.

Елемент:
Вода

Планета:
Месечина - божествено тело на расположението и емоциите. Месечината симболизира женственост, семејство, мајка, емоции и потекло.

Ден од седмицата:
Понеделник

Боја:
Бела, сива и виолетова.

Број:
2

Скапоцени камења:
Сребро и перли.

Најдобри професии:
Пејачи, артисти, поети, готвачи, географи, картографи, акушерки, педијатри, социолози.

За да се спријателите со нив:
Секогаш однесувајте се кон нив со почит. Направете да стекнат доверба и сигурност во вас. Пробајте да им го разберете начинот на мислење.

Дел од телото:
Гради, стомак.

Добри карактеристики:
Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни.

Лоши карактеристики:
Озборувачи, изолирани, некомуникативни, хиперсензитивни, премногу компетитивни, премногу емоционални, мрзливи, слаби, љубоморни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Чекорејќи со градите напред; тркалезно како месечината лице.

Омилени работи:
Гурманска храна, работа со деца, музеи и ликовни галерии.

Работи кои ги мразат:
Стари алишта, замрзнати јадења, јавно говорење, да бидат избрзувани.

Можете да ги најдете:
Купувајќи стари и ретки антиквитети; создавајќи ремек дело; во кујната; слушајќи бендови во живо.

Скриена желба:
Да се грижат за своето семејство и пријателите!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.