Близнаци (21. V – 20. VI)
Понеделник, 10 Ноември 2025
Размислувањето ќе ви биде брзо, а умот остар. Но, ќе морате да внимавате да не се расејувате на премногу задачи, проекти и средби со луѓе. Фокусот е клучен ако сакате да ги завршите сите обврски навреме.
Разговор со претпоставен може да отвори нови можности за вас, особено ако ги презентирате своите идеи со самодоверба. Не се плашете да зборувате, вашите зборови имаат тежина.
Ноември, 2025
Љубов
Ноември ќе биде како филм во кој љубовта носи тајни дијалози, неверојатни пресврти и сцени што ве оставаат без здив. Ќе откриете нови страсти, ќе почувствувате стари копнежи и ќе осознаете дека љубовта не е секогаш лесна, но дека секогаш вреди.
Марс кој на 4 ноември влегува во Стрелец ја распалува вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ќе почувствувате дека љубовта станува динамична, понекогаш дури и предизвикувачка. Ова е енергија што бара авантура, отворени разговори и искрени страсти. Ќе сакате повеќе искреност, но и повеќе возбуда.
Полната месечина во Бик на 5 ноември ја активира вашата 12-та куќа на тишината, минатото и тајните желби. Љубовта може да се појави зад сцената како тајна привлечност, интимен разговор или нешто што не сте подготвени целосно да го споделите со светот.
На 6 ноември, Венера влегува во Шкорпија и ја осветлува 6-тата куќа на секојдневието. Љубовна искра може да се роди во најобичните ситуации, на работа, во текот на денот, меѓу навиките што ги споделувате со некого. Зачувувањето на хармонични односи ќе бара посветеност: малите гестови ќе значат повеќе од големите ветувања.
Ретроградниот Уран во Бик на 8 ноември ќе разбуди скриени чувства од минатото. Ќе се појави некој што ви недостигал, или пак ќе сфатите дека некоја љубовна приказна сè уште не е завршена.
Меркур кој на 9 ноември започнува ретроградно движење во Стрелец повторно ќе ја заигра 7-мата куќа, па љубовната комуникација ќе биде комплицирана. Недоразбирањата се можни, но тие ќе ви помогнат да ги видите вистинските намери на партнерот.
Јупитер кој на 11 ноември ќе започне да се движи ретроградно во Рак ќе ја активира 2-рата куќа, што значи дека љубовта и самодовербата ќе бидат тесно поврзани. Ако се цените себеси, ќе привлечете љубов во која ќе бидете ценети.
На 19 ноември, Меркур ретроградно влегува во Шкорпија и повторно ве носи кон 6-тата куќа. Ќе сфатите дека вистинската љубов понекогаш се крие во секојдневните детали – во начинот на кој некој ве гледа додека молчите или во грижата што ја покажува без зборови.
Младата месечина во Шкорпија на 20 ноември отвора пат за нова љубовна фаза. Може да започне романтична приказна со некој што веќе постои во вашата орбита.
Сонцето кое на 22 ноември влегува во Стрелец ја зголемува динамиката во 7-мата куќа, а кога Венера му се придружува на 30-ти, љубовта станува експлозивна, живописна и романтична. Тоа е љубов која го буди суперхеројот во вас и ве потсетува дека понекогаш најголемата авантура е срцето.
Пари и кариера
Во ноември ќе почувствувате дека деловните ветрови се менуваат, односно понекогаш ќе дуваат во ваша полза, а понекогаш ќе бараат од вас да покажете флексибилност и трпение. Но, токму оваа нестабилност ќе ви донесе раст.
Марс во Стрелец од 4 ноември во вашата 7-ма куќа носи партнерски договори и соработки. Ќе се најдете во ситуации каде е потребно да соработувате, но и да поставите граници. Ќе знаете кога да се борите и кога да се повлечете.
Полната месечина во Бик на 5 ноември може да донесе крај на проект што ве исцрпувал. Ова е момент кога ќе сфатите што вреди да се задржи и што треба да оттурнете од вас.
Венера во Шкорпија од 6 ноември ви носи енергија во 6-тата куќа. Можна е награда или признание на работното место.
Уран ретрограден во Бик на 8 ноември може да донесе неочекувани финансиски пресврти. Можеби ќе откриете нов извор на приход или неочекуван трошок што ќе ве натера да размислувате поинаку.
Меркур ретрограден во Стрелец од 9 ноември носи недоразбирања со деловни партнери, но и можност да прегледате стар договор и да го подобрите.
Јупитер ретрограден во Рак на 11 ноември ја осветлува 2-рата куќа на финансиските вредности, па време е да бидете внимателни со трошоците и да се потсетите дека стабилноста е подеднакво важна како растот.
На 19 ноември Меркур во Шкорпија го враќа фокусот на организираноста и прецизноста. Ќе имате шанса да решите стари проблеми и да воспоставите поефикасни навики во работата.
Младата месечина во Шкорпија на 20 ноември отвора нов циклус и носи можност за нова работа, подобрување на условите или проширување на проект.
Сонцето и Венера во Стрелец на крајот на месецот ќе ја зголемат видливоста на вашите резултати. Вашиот шарм и комуникативност ќе бидат најсилните адути за професионален успех.
Здравје
Вашето тело ќе биде како огледало на мислите овој месец, не го заборавајте тоа.
Марс во Стрелец ќе ве поттикне да се движите повеќе. 7-мата куќа ја бара рамнотежата, па спорт во друштво, танцување или прошетки со партнер ќе бидат идеални.
Полната месечина во Бик на 5 ноември ќе ја зголеми вашата чувствителност. Ќе ви треба мир и време за себе.
Венера во Шкорпија од 6 ноември ќе ве мотивира да се грижите повеќе за телото. Детоксикација, масажи, спа третмани... сè ќе ви делува лековито.
Ретроградниот Уран во Бик може да донесе неочекувани промени во спиењето или апетитот, па следете ги сигналите на телото.
Јупитер ретрограден во Рак ќе ве потсети дека емоциите и варењето се поврзани. Избегнувајте стресни ситуации за време на јадење.
Младата месечина во Шкорпија на 20 ноември е совршена за воведување здрави навики и ритуали за исцелување.
Со Сонцето и Венера во Стрелец на крајот од месецот, вашата енергија ќе се обнови.
2025 година
Љубов
2025 година носи многу магија и динамика во љубовниот живот на близнаците. Планетите ве повикуваат да го истражите светот на емоциите со отворено срце, а еклипсите и движењата на Венера и Марс ќе го претворат вашиот љубовен живот во возбудлива авантура. Љубовта ќе ви биде најголема инспирација, но и најголем предизвик оваа година. Подгответе се за нови почетоци, длабоки разговори и непредвидливи пресврти.
На почетокот на годината, со влегувањето на Венера во риби на 3 јануари, ќе зацарува романтиката и ќе бидат акцентирани сериозните обврзувања. Ако сте во врска, ќе почувствувате потреба да го официјализирате односот со свршувачка или брак или да му покажете на светот колку сте посветени со партнерот еден на друг. Слободните близнаци ќе бидат привлечени од мистериозни и креативни личности кои ќе ги инспирираат да размислуваат за љубовта од поинаков агол.
На 4 февруари Венера ќе премине во овен, активирајќи ја вашата 11-та куќа на пријателствата. Љубовта ќе се разгорува преку пријателски разговори со саканиот и заеднички активности. Можно е да се најдете во ситуација каде едно пријателство ненадејно прераснува во нешто повеќе.
Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ја разбуди вашата носталгија. Старите љубови може повторно да излезат на сцена, или ќе се запрашате дали сте направиле правилен избор во минатото. Многу близнаци ќе се најдат во ситуација да одлучат дали се подготвени да дадат втора шанса или да ги остават старите љубовни стории зад себе.
Младата месечина на 29 март доаѓа во овен заедно со делумно затемнување на Сонцето, па очекувајте ново љубовно поглавје. Ќе почувствувате храброст да преземете иницијатива и да ги изразите вашите вистински чувства. Ова е време за авантуристички чекори, па не плашете се да ризикувате во име на љубовта.
Марс во лав од 18 април до 17 јуни ќе ја разбуди вашата 3-та куќа на комуникацијата, носејќи жива и игрива енергија во љубовта. Флертот ќе стане ваше природно оружје, а вие ќе уживате во вниманието кое ќе го добивате од луѓето околу вас.
Јупитер ќе патува во рак од 9 јуни и ќе донесе можности за љубов преку секојдневни активности. Имено, ова е време кога случајните средби или кратките патувања може да се претворат во романтични приказни. Ќе почувствувате зголемена потреба за искрена комуникација и отвореност.
Со Марс кој влегува во девица на 17 јуни, вашата 4-та куќа на домот ќе стане фокусна точка за љубовта. Ќе клоните кон стабилност и интимност, па ќе копнеете да создадете топол и атрактивен простор за себе и за вашиот сакан. Можно е да го реновирате домот или само катчиња од него. Близнаците со статус сингл ќе бидат привлечени од личности во чија прегратка се чувствуваат сигурно и заштитено.
На 31 јули Венера ќе премине во вашата 2-ра куќа на вредностите ќе ги насочи рефлекторите кон теми како самопочит и емоционална сигурност. Љубовта ќе ја гледате низ призмата на сериозноста, а ќе посакувате долги врски исполнети со доверба. Близнаците кои се во врска ќе се фокусираат на финансиски и практични аспекти од заедничкиот живот.
На 21 септември, соларната еклипса во девица ќе донесе промени во вашиот дом и личен живот. Некои близнаци ќе размислуваат за заедничко живеење или создавање семејство. Ова ќе биде време за сериозни одлуки кои ќе го трасираат вашиот љубовен пат.
На 6 ноември Венера ќе започне да „танцува“ во вашата 6-та куќа на рутините, носејќи можност за вметнување на нови навики кои ќе ја подобрат вашата врска. За оние што се во врска, овој месец ќе биде идеален за решавање на практични прашања, како заеднички финансии или организација на секојдневието. Слободните Близнаци ќе забележат дека личност која првично ја запознале во професионален контекст ќе им го привлече вниманието на романтичен план.
Ноември ќе биде месец на интензивни емоции и длабока поврзаност, благодарение на полната месечина во бик на 5 ноември која ќе ја активира вашата 12-та куќа на скриените чувства. Ова е период кога ќе бидете охрабрени да ги анализирате најдлабоките емоции. Можеби ќе сфатите дека постојат одредени чувства кои ги криете дури и од себе. Ако сте во врска, ќе бидете подготвени да ги споделите вашите најинтимни мисли со партнерот, што ќе резултира со огромно зближување. Сингл близнаците може да се најдат во неочекувани ситуации, во кои љубовта ќе доаѓа од најмалку очекуваните места.
Крајот на ноември, односно со влегувањето на Венера во стрелец на 30 ноември, ќе донесе авантуристички дух во вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ќе трагате по проширување на хоризонтите заедно со партнерот. Близнаците кои се во врска ќе бидат инспирирани да патуваат, да откриваат нови искуства или да ги споделуваат своите големи соништа. Слободните близнаци ќе бидат привлечени од личности кои се полни со енергија, љубопитност и нескротлив дух.
Благодарение на полната месечина во близнаци на 5 декември, ќе почувствувате огромна радост и ќе бидете подготвени да славите за животот кој го имате. Ова е време за прослави, искрени разговори и зацврстување на сите врски кои ви се важни.
Крајот на годината ќе биде обележан со страст, топлина и нови почетоци. Вашиот љубовен живот ќе блеска со енергија и вие ќе бидете подготвени да го внесете сето тоа во новата 2026 година. Независно дали сте сами или во врска, ѕвездите ве водат кон љубов исполнета со длабока поврзаност, разбирање и заеднички авантури.
Пари и кариера
2025 година носи многу можности за близнаците во областа на кариерата и финансиската стабилност. Планетите ќе ве поттикнат да се фокусирате на долгорочните цели, да ги користите вашите комуникациски вештини и да преземете иницијатива во клучни моменти. Влијанијата на Јупитер, Марс и Сатурн ќе играат значајна улога во вашата заработка, унапредувањето и деловните патувања.
Годината започнува со ретрограден Марс во рак од 6 јануари и со активирање на вашата 2-ра куќа на парите. Овој период, кој трае до 24 февруари, ќе биде идеален за преиспитување на вашите финансиски стратегии. Ќе имате шанса да ги идентификувате областите каде што можете да го оптимизирате вашиот буџет и да ги решите старите долгови. Избегнувајте големи инвестиции во овој период, но насочете се кон создавање планови за стабилна иднина.
На 4 февруари, Јупитер преминува во директно движење во близнаци, носејќи позитивна енергија во вашиот знак, а со тоа ќе ве направи самоуверени и подготвени за нови професионални можности. Вашата харизма и интелектот ќе ве издигнат на работното место, што може да резултира со нови соработки или унапредување. Ако барате работа, ова е поволен период за интервјуа и преговори.
Младата месечина на 29 март, која доаѓа заедно со делумно затемнување на Сонцето, ќе ја активира вашата 11-та куќа на тимската работа. Ова е вистински момент за проширување на мрежата на бизнис контакти. Ќе имате можност да се вклучите во нови проекти или иницијативи кои ќе ви донесат значителни финансиски придобивки. Ќе се истакнете како лидер, што ќе ви донесе почит и признание.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја осветли вашата 6-та куќа на работните рутини. Ќе почувствувате задоволство од постигнатите резултати, а можно е да добиете признание за посветеноста на работата. Ова е идеален ден за разговори за покачување на платата.
Јуни ќе биде месец на професионален раст, бидејќи на 9 јуни Јупитер влегува во рак и ја активира вашата 2-ра куќа на приходите. Ќе се отвораат можности за заработка преку проекти кои вклучуваат комуникации, продажба или пишување. Ако работите во полето на технологијата или маркетингот, очекувајте бонуси или покачување на платата.
На 17 јуни Марс влегува во девица, осветлувајќи ја вашата 4-та куќа на стабилноста. Ова е одлично време за работа на проекти поврзани со недвижности или семејни бизниси. Ако планирате купување или продавање на имот, ова ќе биде поволен период за профитабилни трансакции.
Септември ќе биде месец кога соларната еклипса во девица ќе ја активира вашата 4-та куќа. Ако размислувате за работа од дома или промена на работната средина, ова е период кога ќе можете да ги реализирате вашите планови. За некои близнаци, ова ќе биде време за деловни патувања кои ќе им донесат нови можности за заработка.
На 30 ноември, Венера во стрелец ќе ја осветли вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова е одличен период за создавање нови деловни соработки или преговарање за подобри услови на работа. Ќе бидете инспирирани да го споделите вашето знаење и вештини, што може да ви донесе дополнителни приходи.
Декември ќе биде обележан со можности за бонуси, награди или покачувања на платата. Ако сте вложувале значителен труд во текот на годината, резултатите ќе бидат видливи, а вие ќе ја завршите годината со чувство на исполнетост.
Со сите овие влијанија, 2025 година ќе биде година на раст, финансиски успех и професионални пресвртници за близнаците. Искористете ги поволните периоди за да го максимизирате вашиот потенцијал и да ги остварите долгорочните цели.
Здравје
Во 2025 година ѕвездите ќе ве поттикнат да најдете баланс меѓу физичката енергија и менталната благосостојба. Планетарните движења ќе ве охрабрат да воведете здрави рутини, да се справите со стресот и да се грижите за себе на подлабоко ниво.
Ретроградното движење на Марс во рак, кое ќе трае од 6 јануари до 24 февруари, во вашата 2-ра куќа, може да донесе стрес поврзан со финансиите. Ова може да влијае на вашата енергија, па затоа е важно да најдете баланс меѓу одмор и работа.
На 14 март, полната месечина во девица доаѓа со целосно затемнување на Месечината и ќе ве поттикне да ги анализирате вашите навики поврзани со здравјето. Ова е време за воведување нови рутини кои ќе ги зајакнат вашето тело и ум. Промените ќе ви донесат позитивна енергија.
Со Јупитер во рак од 9 јуни, ќе почувствувате зголемена емоционална стабилност, а тоа позитивно ќе се одрази на вашето физичко здравје. Ќе бидете поттикнати да се движите повеќе и да ставате акцент на свежиот воздух во вашето секојдневие.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ве потсети на важноста на работната етика за вашето здравје. Ќе треба да најдете начин да го балансирате напорот со времето за релаксација.
Сатурн со директното движење во риби од 28 ноември ќе ве поттикне да се грижите за вашиот ментален мир преку медитација, јога или духовни практики. 2025-та ќе биде година на градење емоционална резистенција и физичка сила.
Општи карактеристики за близнаци
Мозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од Меркур, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот.
Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани.
Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи.
Ако е можно, обидете се да се задржите на само дел од многуте ваши страсти за подолг период и да станете многу добри во нивно изведување. Близнаците кои се научиле да се концентрираат врз една работа се недостижни.
Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот.
Сакате да разговарате, а имате и милиони добри идеи. Искористете го вашиот брз ум и раце во полза на испраќање е-mail, пишување СМС пораки и водење на добри разговори. Внимавајте на искушението за озборување. Држете при рака нотес за забележување на вашите мисли во секое време.
Симбол:
Близнаци
Симболизира:
Комуникација, дволичност, трговија, интелектуална дејност, пријатели од детството, кратки патувања, јазици.
Елемент:
Воздух
Планета:
Меркур – планетата на комуникацијата и интелектот.
Ден од седмицата:
Среда
Боја:
Жолта и небесно сина.
Број:
5
Скапоцени камења:
Опал и ахат.
Најдобри професии:
Преведувачи, писатели, оратори, адвокати, новинари, учители, политичари, трговци, дипломати, шофери, пилоти и секаква професија сврзана со комуникација.
За да се спријателите со нив:
Однесувајте се меко со нив, постојано галете ги и бидете трпеливи! Тие секогаш ќе си останат мали деца.
Дел од телото:
Рамена, раце, дланки.
Добри карактеристики:
Забавни, фасцинантни, оригинални, шармантни, авантуристи, снаодливи, интелигентни, комуникативни, весели, љубопитни, љубезни.
Лоши карактеристики:
Непостојани, често лажат, дволични, депресивни, лесно совладливи, недискретни, неверни, нервни, брбливи.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Палави очи, изразувајќи се со нивните раце.
Омилени работи:
Мобилни телефони, брзи коли, тренди облека, гитари, мрачна музика, книги, клуб за комедија.
Работи кои ги мразат:
Рутина, тишина, луѓе со авторитет.
Можете да ги најдете:
Зад камерата, зад диџејскиот штанд, на двете страни од тимот за дебатирање, разговарајќи.
Скриена желба:
Да имате одговор за сè!
