Вага (23. IX – 22. X)

Сабота, 14 Јуни 2025

Престанете да трчате низ обврските без да им посветувате внимание на деталите. Денес морате темелно да ги извршувате задачите, бидејќи токму тоа ќе биде клучно за успехот. Не пропуштајте ниту една ситница.

Вечерва не ја кажувајте секоја мисла гласно. Научете да го премолчувате она што може да поттикне конфликти.

Јуни, 2025

Љубов

Јуни е месец кога површните врски го губат својот сјај, а вие копнеете по алхемиска спојка, по танц на души кои се поврзуваат во тишината. Време е да ги симнете бариерите, да ги оставите стравовите зад себе и да дозволите вашата најдлабока суштина да се сретне со друга, создавајќи магија која ги надминува обичните зборови.

На 6 јуни Венера, вашата планета-владетел, влегува во бик и ја активира вашата 8-ма куќа на интимноста, трансформацијата и длабоките врски. Овој транзит ве води кон љубов која не е површна. Ќе сакате да се стопите со некого, да изградите емоционален и физички сојуз кој ќе ве потресе до сржта. Љубовта ќе биде страсна, интензивна и ќе бара посветеност.

На 9 јуни Меркур влегува во рак и ја активира вашата 10-та куќа на статусот и јавниот имиџ. Разговорите за иднината на врската, плановите за заеднички живот или етикетирање на односот ќе станат незаобиколиви. Ќе барате партнер кој не се плаши да ве претстави пред светот, да ви биде рамноправен и стабилен.

Истовремено, Јупитер влегува во рак и започнува дванаесетмесечен циклус на раст преку вашата професионална и емоционална зрелост. Љубовта ќе биде поврзана со вашата визија за животот, со чувството на целина и иднина. Можно е да се заљубите во некој што е на висока позиција или личност што ве инспирира со својот животен пат.

Полната месечина на 11 јуни се случува во стрелец, активирајќи ја вашата 3-та куќа на комуникацијата. Може да дојде до љубовно признание, важно писмо или искрен разговор што ќе отвори ново поглавје. Ако долго сте се двоумеле околу одредена одлука, сега ќе знаете каде стоите.

На 17 јуни Марс влегува во девица и ја активира вашата 12-та куќа. Љубовта станува мистична, скриена, а страста се раѓа од недореченото. Некои ваги ќе влезат во тајна врска, а други ќе се повлечат од љубовна драма и ќе се фокусираат на исцелување на емоциите.

На 21 јуни Сонцето влегува во рак и повторно го нагласува прашањето за стабилност во односите. Ќе сакате партнер што стои до вас, што ви носи сигурност и кој гледа во иста насока. Врските што не нудат стабилност ќе ви изгледаат премногу исцрпувачки.

Младата месечина во рак на 25 јуни ви носи можност за нова љубовна фаза. Можеби ќе запознаете личност преку работа. Ова е почеток на односи кои не се за флерт игра, туку за стабилна иднина.

На 26 јуни Меркур влегува во лав и ја активира вашата 11-та куќа. Љубовта може да дојде од кругот на пријатели, од социјални мрежи или групен настан. Ќе се чувствувате ослободено, весело и ќе сакате да флертувате без притисок, но со многу шарм.

Во јуни ќе учите дека љубовта има многу лица и дека сите вреди да се искусат ако срцето ве води искрено.

Пари и кариера

Во јуни финансиски и професионално ве очекува стабилизација, но и градење авторитет. Ќе покажете дека можете да бидете и елегантни и моќни и токму тоа е вашата формула за успех.

На 6 јуни, со влезот на Венера во бик, вашата 8-ма куќа добива финансиска длабочина. Ова е одлично време за кредитни аранжмани, инвестиции, финансиски трансформации и добивки преку партнерства. Пари може да стигнат од заостанати долгови, заеднички фондови или преку наследство.

На 9 јуни Меркур во рак активира важни разговори со надредени, авторитети или институции. Вашите идеи ќе звучат професионално и стабилно, па искористете го моментот за презентации, интервјуа или барање унапредување. Ќе знаете како да го формулирате она што ви треба.

Јупитер исто така влегува во рак на истиот ден и го отвора едногодишниот циклус на раст во вашата кариера. Некои ваги ќе напредуваат драстично, други ќе добијат јавна функција или ќе бидат признати за својот труд. Вашиот труд, посветеноста и дипломатскиот пристап ќе бидат забележани.

Полната месечина во стрелец на 11 јуни го осветлува вашето поле на информациите, обуката и комуникацијата. Може да завршите проект, да објавите нешто важно или да добиете понуда за учење. Интелектуалната јасност ќе ви помогне да донесете значајна деловна одлука.

На 17 јуни Марс во девица активира тивка, но вредна енергија. Ќе сакате да работите во позадина, далеку од хаосот, и да создадете нешто квалитетно. Вашата ефикасност ќе се зголеми, а фокусот ќе биде кон детали, документи и стратегија.

Сонцето во рак од 21 јуни ви дава сјај во очите на јавноста. Ќе добиете признание или доверба од влијателни луѓе. Некои ваги ќе бидат поканети да водат проект или да се претстават на повисоко ниво. Важно е да не се двоумите кога ќе се отвори шансата.

Младата месечина во рак на 25 јуни ви дава можност да започнете нова деловна насока. Ова може да биде нова функција, нова работа или нов проект со долгорочен потенцијал. Фокусирајте се на визија, но дејствувајте со трпеливост.

На 26 јуни Меркур во лав ја осветлува вашата мрежа на контакти – време е да се поврзете, да соработувате и да се рекламирате. Ова е идеален момент за работа преку интернет, социјални медиуми, публицистика или настани. Ќе бидете слушнати.

Здравје

Со Венера во бик од 6 јуни, ќе почувствувате потреба за сензуална нега – спа, масажи, здрава исхрана... Вашето тело бара внимание, но не преку дисциплина, туку преку задоволство. Послушајте ги овие сигнали.

На 9 јуни Меркур во рак ви носи ментална чувствителност. Вашите мисли ќе бидат поврзани со силни емоции и можно е да се чувствувате преоптоварено. Дајте си простор за мирни моменти, читање, тишина и разговори со доверливи луѓе.

Јупитер во рак истовремено ви ја зголемува отпорноста. Вашето тело се регенерира побрзо, а вашиот ум бара позитивни мисли. Бидете благодарни.

Сонцето во рак на 21 јуни носи фокус на здравјето преку рамнотежа. Ќе сакате хармонија меѓу приватното и професионалното.

На 26 јуни Меркур во лав ве повикува да размислувате креативно. Смеење, танцување, пеење... тие исто така може да бидат терапии. Вашето тело бара изразување, не само функционалност.

2025 година

Љубов

Драги ваги, вие сте познати по вашата желба за убавина и еквилибриум, па сега ќе имате шанса да го зацврстите животниот баланс и да блеснете во сите сфери.

2025-та ќе биде година на љубовна магија, страсни бакнежи и романтични пресврти. Љубовта ќе ви покаже колку може да биде трансформативна и инспиративна. Независно дали сте во стабилна врска или го барате вашиот идеален партнер, ќе почувствувате нова енергија која ќе ја разбуди вашата страст и романтичниот дух. Љубовта ќе ве охрабри да преземете храбри чекори, да истражувате нови димензии на интимност и да уживате во секој момент што ѕвездите ви го подаруваат.

На почетокот на годината, поточно на 3 јануари, Венера ќе влезе во риби, вашата 6-та куќа на рутините и секојдневните активности. Љубовта ќе ве пронајде додека извршувате секојдневни обврски – пазарување, работна средба или тренинг. Ќе ја зачините врската со мали, но значајни гестови, како романтични појадоци или вечерни прошетки.

На 4 февруари Венера влегува во овен, активирајќи ја вашата 7-ма куќа на партнерствата. Ова движење ќе донесе огнена страст и нови љубовни можности. Ако сте во врска, ќе почувствувате дека љубовта се разгорува со интензитет. Страсните допири и бакнежи ќе ја разбудат вашата романтична страна. За вагите со статус сингл, ова е време кога ќе бидете магнет за внимание – вашата харизма и шармот ќе привлекуваат нови љубовни авантури.

Младата месечина во водолија на 29 јануари ја потенцира вашата 5-та куќа на романтиката и забавата. Ова е ден за нови почетоци во љубовта. Ако сте сами, ќе почувствувате силна желба да се впуштите во нова врска или да запознаете некој што ќе го разбуди вашиот дух. Флерт-игрите ќе бидат на максимум, а секоја интеракција ќе носи наелектризирана енергија.

Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ве натера да размислите за минатите љубовни приказни. Можно е да се појави поранешен партнер, што ќе ве поттикне да преиспитате што сакате во љубовта.

Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја донесе љубовта во прв план и ќе ве поттикне да донесете големи одлуки – дали да ја официјализирате врската, да се обврзете на нова љубов или да ги освежите вашите односи со саканиот. Страста ќе биде силна, а интимните моменти ќе ве исполнуваат со возбуда.

Марс влегува во лав на 18 април, активирајќи ја вашата 11-та куќа на социјалните кругови. Ова движење носи љубов преку пријателства и социјални настани. Ќе бидете привлечени кон личности кои ја споделуваат вашата страст за животот. Љубовта ќе биде исполнета со возбудливи и спонтани моменти – долги разговори под ѕвездите, неочекувани бакнежи и смели љубовни гестови.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја осветли вашата 2-ра куќа на самодовербата и сензуалноста, носејќи интензитет во љубовта. Ќе бидете фокусирани на емоционалната сигурност и длабочината на врската. Ова е ден за незаборавни интимни средби.

Младата месечина на 27 мај ќе ве инспирира да преземете иницијатива во љубовта. Ќе сакате да изразите што чувствувате, да направите чекори што ја носат љубовта на следното ниво или да започнете нешто сосема ново. Љубовните авантури ќе ве поттикнат да излезете од комфорната зона.

Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја активира вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Ова е време за длабока љубов кон себе и подготовка за нови почетоци. Ќе почувствувате дека љубовта започнува со внатрешен мир и стабилност, што ќе ви помогне да внесете хармонија во сите ваши врски.

На 30 ноември Венера ќе премине во стрелец, вашата 9-та куќа на патувањата и визиите. Љубовта ќе стане авантуристичка и забавна. Романтичните патувања, долгите бакнежи на нови места и флертувањето ќе внесат свежина во вашиот љубовен живот. Слободните ваги може да запознаат личност која ќе ги инспирира да размислуваат неконвенционално.

Марс во јарец од 15 декември ќе ја потенцира вашата 4-та куќа на домот, носејќи силна посветеност кога се во прашање најблиските. Некои ваги импулсивно ќе влезат во брачните води, а други пак ќе прослават за свршувачка.

На 24 декември и Венера ќе му се придружи на Марс во јарец, што значи дека љубовта ќе ја фокусираме на оние со кои живееме. Крајот на годината за некои ваги ќе донесе вселување под ист покрив со саканиот или купување на нов дом.

Пари и кариера

Започнува година на професионален раст и финансиски напредок за вагите. Вашиот фокус ќе биде насочен кон големи успеси и долгорочни инвестиции.

На почетокот на годината, поконкретно од 6 јануари ретроградниот Марс во рак ја активира вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е период кога ќе размислувате за долгорочните цели и ќе ги завршите сите заостанати проекти. Иако можеби ќе почувствувате мал застој, тоа ќе ви даде време да поставите јасна стратегија за професионален прогрес. Избегнувајте ризични финансиски потези и фокусирајте се на планирање.

Младата месечина во водолија на 29 јануари ќе ја активира вашата 5-та куќа на креативноста и ризиците. Ова е одлично време за финансиски потези кои вклучуваат креативност или иновации. Ако сте размислувале за сопствен бизнис, ова е моментот за започнување. Вашите идеи ќе имаат потенцијал за големи профити.

На 4 февруари, Јупитер преминува во директно движење во близнаци, активирајќи ја вашата 9-та куќа на надградување на знаењето и визионерството. Ова е одличен период за професионално усовршување преку обуки, курсеви или студии. Вашето ново знаење ќе ви отвори врати за повисоки позиции и подобри финансиски услови. Ако размислувате за работа во странство или работа која вклучува патувања, ова е идеално време за преземање на конкретни чекори.

Соларната еклипса во овен на 29 март ја осветлува вашата 7-ма куќа на соработките. Ќе се појават нови деловни партнерства кои носат финансиски добивки. Ова е ден за преговарање и склучување договори кои ќе ви донесат брзи пари или нови можности за вработување. Ако работите во тимска средина, вашиот придонес ќе биде забележан и награден.

На 18 април Марс влегува во лав, активирајќи ја вашата 11-та куќа на вмрежувањето и групните проекти. Ќе се чувствувате инспирирани да преземете лидерска улога во вашата професионална средина. Ова е време кога ќе блеснете со вашите идеи и ќе го привлечете вниманието на претпоставените. Вашата решителност и енергија ќе ви донесат значителни финансиски награди.

На 9 јуни Јупитер влегува во рак, потенцирајќи ја вашата 10-та куќа на кариерата. Периодот до 11 ноември е еден од најповолните за напредок и финансиски успех. Вашите напори ќе бидат препознаени, што ќе доведе до покачување на платата, бонуси или профит од проекти. Ако сте размислувале за промена на работното место, ова е време кога ќе добиете понуда која значително ќе го подобри вашиот финансиски статус.

Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја осветли вашата 2-ра куќа на приходите. Ова е момент кога ќе добиете финансиски награди. Можеби ќе добиете бонус или ќе завршите проект кој носи значителна заработка. Ќе почувствувате финансиска сигурност и ќе бидете мотивирани да продолжите со истата енергија.

Соларната еклипса на 21 септември ја истакнува вашата 12-та куќа на подготовките. Ова е ден за работа зад сцената и поставување темели за долгорочни успеси. Ќе почувствувате потреба да размислите за инвестиции, особено во недвижности или хартии од вредност, кои ќе носат стабилност во иднина.

На 24 декември Венера влегува во јарец, вашата 4-та куќа на домот и недвижностите. Ова движење носи можности за профит од недвижности – било да купувате, продавате или изнајмувате имот. Ако размислувате за инвестиции, крајот на годината ќе ви донесе поволни услови.

Со вашата харизма, аналитичките способности и решителноста, ќе успеете да ги искористите сите шанси што ви ги нудат ѕвездите во 2025 година и да ја изградите вашата финансиска иднина на цврста основа.

Здравје

Во 2025 година планетарните движења ќе ве инспирираат да направите позитивни промени кои ќе имаат долгорочно влијание.

Ретроградниот Марс во рак од 6 јануари до 24 февруари ќе стави акцент на вашата 10-та куќа на кариерата, што може да доведе до зголемен стрес и замор. Ова е важно време да ги препознаете вашите граници и да му дадете приоритет на одморот. Медитацијата, релаксациските техники и квалитетниот сон ќе бидат од суштинско значење за одржување на енергијата.

Со Марс кој влегува во лав на 18 април, вашата 11-та куќа на социјалните активности ќе застане под рефлекторите. Ќе се чувствувате мотивирани за физички активности со пријателите, како што се спортови на отворено или групни тренинзи. Овој период носи енергија и виталност што ќе ви помогнат да го подобрите вашето физичко здравје и да внесете радост во вашата рутина.

Јупитер во рак од 9 јуни ќе ја активира вашата 10-та куќа, носејќи емоционална поддршка и можности за намалување на стресот. Овој период ќе ве поттикне да се поврзете со активности што го поддржуваат вашиот емоционален мир, како што се активности во природа, уметност или водење дневник.

Полната месечина во Водолија на 9 август ќе ја активира вашата 5-та куќа на креативноста и радоста, носејќи инспирација за нови начини на грижа за себе. Ова е одлично време за експериментирање со нови хобија или активности кои ги комбинираат физичката и менталната благосостојба, како танцување или часови за јога.

Соларната еклипса во Девица на 21 септември ќе внесе потреба за редовност во вашите здравствени навики. Ќе бидете мотивирани да воведете здрави ритуали, како утринско вежбање, подобрување на исхраната и редовни медицински прегледи. Оваа енергија ќе ве поттикне да се фокусирате на долгорочна грижа за вашето тело и ум.

Марс кој влегува во јарец на 15 декември ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот, носејќи фокус на домашните рутини кои го поддржуваат здравјето. Ќе бидете инспирирани да создадете мирна и здрава средина во вашиот дом, што ќе ви помогне да се чувствувате подмладено и подготвено за сите предизвици. Ова е одлично време за воведување техники за релаксација, како топли бањи, ароматерапија или медитација.

Крајот на годината носи чувство на виталност и стабилност, бидејќи вашите напори за здравјето ќе бидат наградени со зголемена енергија и рамнотежа. Ќе влезете во 2026 година со чувство на благодарност за постигнатите промени и со подготвеност да го задржите ова ниво на благосостојба. Здравјето ќе биде вашата најсилна точка во текот на година.

Општи карактеристики за вага

Нежните ваги се управувани од Венера – планетата на убавината и љубовта. Тоа го објаснува нивното нежно зборување и убавото лице. Исто како и биковите, кои се доминирани од Венера и вагите сакаат да бидат заобиколени со уметност, култура, убавина и хармонија.

Ако сте родени во овој знак, тогаш поради влијанието на Венера вие сте љубител на добрата храна и скапите работи. Но, понекогаш таа ваша страст е насочена кон луксузни работи и тоа ве прави многу алчни и големи материјалисти во очите на другите.

Вагата како што покажува и самиот симбол сака сè да биде балансирано, па вие не можете да поднесете неправда и конфликти. Понекогаш сте несигурни во вашите ставови и многу често отстапувате од нив. Но, не секогаш вашето отстапување е поради тоа што се чувствувате победени. Многу често знаете да попуштите дури и кога знаете дека сте во право, со цел да избегнете конфликт.

Вашата желба е да има мир и хармонија. Вие се стремите да бидете објективни и справедливи. Секогаш се борите за правда и тоа го правите со стил.

Во љубовната врска сте забавни и романтични. Знаете како да ги шармирате луѓето околу вас и длабоко во вас се крие голем борец. Често знаете да бидете мрзливи, мразите некој да ве избрзува и сакате сè да се решава на вашиот начин и во времето кога вие го сакате тоа, дури кога тоа значи да задоцните со десет часа.

Вие го сакате дизајнот исто како што ги обожавате добрите дебати. Успешни сте кога исполнувате дипломатска мисија и уживате кога работите во екипа. Знаете да си ги реализирате целите кога работите во екипа, но ако бидете оставени сами се сомневате во своите способности и сте несигурни.

Вие секогаш сакате да бидете заобиколени со луѓето што ги сакате. Пријателски сте настроени, но поради вашата желба да бидете сакани од сите, многу често отстапувате од вашата позиција и се приспособувате на другите.

Вагата е знак спротивен на овен, симболот на индивидуалноста. А вие како претставник на знакот вага, секогаш имате време за другите. Но, немојте да заборавите да одделите малку време за вас. Вагите можат да бидат заробени во убавите моменти и да заборават на нивните лични обврски.

Научете да бидете организирани и ќе го имате целото време на светот да уживате во вашиот прекрасен живот.

Симбол:
Вага

Симболизира:
Справедливост, рамноправност, рамнотежа, убавина, хармонија, дипломатичност, согласност.

Елемент:
Воздух

Планета:
Венера – планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата:
Петок

Боја:
Златна

Број:
5

Скапоцени камења:
Бронза и корал.

Најдобри професии:
Дизајнери, адвокати, политичари, естетски хирурзи, брачни консултанти, фотомодели, фризери, декоратори.

За да се спријателите со нив:
Доста себични се, па ако ги фалите и им покажувате дека ги цените ќе постигнете со нив сè што ќе посакате. Не ги критикувајте!

Дел од телото:
Долниот дел од грбот, задникот.

Добри карактеристики:
Шармантни, мили, фер, искрени, несебични, безнадежно романтични, грижливи, пацифисти, љубезни, им придават голема важност на партнерските односи и на тимската работа.

Лоши карактеристики:
Горди, нерешителни, неуверени, манипулатори, разгалени, мрзливи, се плашат да се ангажираат, кокетни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Мали симетрични црти, нежни очи.

Омилени работи:
Концерти во големи сали, поезија, скап накит, богата храна, добро дизајнирани алишта.

Работи кои ги мразат:
Глупави луѓе, кавгаџии, да бидат притиснати да донесат одлука, да велат „добра ноќ“, да го слушаат зборот „можеби“.

Можете да ги најдете:
Како танцуваат на забава во склад; како филозофираат за животот во кафе бар; заглавени дома пишувајќи поема; одлагајќи нешто за друг ден; на некаков социјален настан.

Скриена желба:
Да сакаат и да бидат сакани!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.