Столе Димитриевски и Ирина Јанкуловска се заколнаа на вечна љубов.
31-годишниот репрезентативен голман и неговата сакана склучија брак во Валенсија, Шпанија, каде што тој живее и настапува. Парот сподели фотографии од моментот на социјалните мрежи.
На нив, Ирина изгледа елегантно во бела креација и крзнен шал, додека Столе шармира во црн костум и бела кошула.
Склучувањето на бракот доаѓа пред враќањето на Димитриевски во Македонија за собирот со националниот тим.
Столе ја запроси Ирина пред три месеци.
