Почетна » Новости » Актуелно » Во Клиника „Жан Митрев“ одбележан Светскиот ден на мозочен удар

Во Клиника „Жан Митрев“ одбележан Светскиот ден на мозочен удар

На 29 октомври, по повод Светскиот ден на мозочен удар, во фоајето на Клиника „Жан Митрев“ се одржа едукативен настан под мотото „Секунда менува сè“. Настанот беше дел од глобалната иницијатива за подигање на свеста за превенција и рана интервенција при мозочен удар и предизвика голем интерес кај посетителите и пациентите.

Докторите вршеа мерење на крвен притисок, делеа совети за здравјето и одржаа едукативна презентација на тема „Како да го препознаете мозочниот удар – симптоми и први чекори за реакција“.

Присутните имаа можност за бесплатна консултација со невролог и кардиолог, а атмосферата беше исполнета со интерес, прашања и желба за учење повеќе за сопственото здравје.

Со оваа активност, Клиника „Жан Митрев“ уште еднаш ја потврди својата посветеност на превенцијата, едукацијата и раната дијагностика на болестите кои можат да го загрозат здравјето на мозокот и срцето.

Грижата за мозокот почнува со контрола на срцето.

Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“ Клиника „Жан Митрев“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30317 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.