Даниел Кајмакоски со сопругата Марина организираа прослава во Белград за најблиските по повод првиот роденден и крштевката на ќеркичката.
42-годишниот пејач и неговата избраничка споделија фотографии од овој важен ден за нивното семејство. На нив, тие позираат во светли комбинации со синчето Стефан и слатката славеничка.
Малата Емилија носеше бело фустанче и голема панделка на главата, додека поголемото братче Стефан беше дотерано во комплет со елек.
„Среќна крштевка, кукло наша. Нека те чува драгиот Бог“ – стои на една од фотографиите на Марина.
Покрај Стефан и Емилија, Даниел има уште еден син од бракот со Кристина Димитријевска.
