Почетна » Новости » Музика » Магента фиеста во Битола: Отворена современа продавница на Телеком во срцето на градот

Магента фиеста во Битола: Отворена современа продавница на Телеком во срцето на градот

Магента фиеста го привлече вниманието на битолчани во центарот на градот. Македонски Телеком отвори нова продавница со денска забава со диџеи, вкусна храна и претставување на новиот простор кој е искуствен центар, каде што технологијата и луѓето се среќаваат во пријатна, отворена и инспиративна атмосфера.

Новата продавница се наоѓа во зградата на Телеком и се простира на површина од над 150 м². Дизајнирана е како иновативен и мултифункционален простор, кој поттикнува интеракција, дијалог и ново ниво на поврзаност меѓу брендот и корисниците. Нема класични шалтери, нема бариери, туку топол и модерен концепт каде агентите седат рамо до рамо со посетителите, разговараат, советуваат и создаваат решенија заедно.

Иновативната промена ја рефлектира ориентацијата на Телеком кон персонализирано корисничко искуство, со фокус на доверба, персонализирана грижа и инклузивност.

Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком

Во новиот простор, посетителите можат да уживаат во интерактивни зони со AR (Augmented Reality), IoT искуства, гејминг и подкастинг активности, кои ја покажуваат технологијата на дело.

„Со новата продавница во Битола отвораме едно ново поглавје во начинот на кој комуницираме со нашите корисници. Ова не е само место за продажба, туку простор за инспирација, учење и заедничко создавање. Веруваме дека токму ваквите искуства ја прават технологијата поблиска, поразбирлива и попријатна за сите генерации“ – вели Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.

Македонски Телеком со овој проект ја зајакнува својата позиција како бренд што наметнува трендови со визија, со човечко лице и со искрена желба да ја направи технологијата поедноставна, поинспиративна и поблиска.

Погледнете повеќе фотографии од атмосферата:

Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком Македонски Телеком

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30275 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.