Стрелец (22. XI – 21. XII)
Недела, 15 Јуни 2025
Подгответе се за дружба и разбудете го детето во вас. Денес организирајте собир со пријателите или семејството и дозволете си да уживате во моментите на смеа и среќа. Вашиот позитивен дух ќе биде заразен за сите околу вас.
Љубовта ќе биде во фокусот со многу весели моменти и разговори. Ако сте во врска, планирањето на летните активности со партнерот ќе ве исполни со возбуда. Сингл? Некој што ќе го сретнете ќе и го освои срцето.
Јуни, 2025
Љубов
Во јуни љубовта ќе ви се приближува како хоризонт што ве мами да го допрете со ветување за нешто ново, искрено и возбудливо. Ќе зрачите со слобода што заводливо повикува, со смеа што опива и со авантуристички дух што никого не остава рамнодушен. За стрелците во врска, месецов носи нови искуства што ќе ве зближат преку спонтани патувања, изненадувања и разговори под ѕвездено небо. А за слободните стрелци, љубовта ќе се појави таму каде што најмалку очекувате, како искра што потскокнува среде смеа, флерт или случаен допир што останува во мислите до доцна во ноќта.
Венера влегува во бик на 6 јуни и ја активира вашата 6-та куќа на секојдневието, рутината и грижата. Љубовта не доаѓа преку огномет, туку низ нежни гестови, како кафе пред работа, порака на пладне, допир во тишина. Ако сте во врска, ќе уживате во чувството дека некој се грижи за вас. Ако сте сингл, можно е да се вљубите во некој со кого речиси секојдневно се среќавате, како колега, сосед или фитнес-инструктор.
На 9 јуни Меркур влегува во рак и ја осветлува вашата 8-ма куќа на интимноста, психолошката длабочина и скриените емоции. Разговорите ќе станат посериозни, а љубовта може да се роди од длабоки исповеди. Ќе сакате да се поврзете со некого на ниво што ги надминува површните флертови. Ова е време за емоционална трансформација.
Истовремено, и Јупитер влегува во рак. Ќе започне дванаесетмесечен циклус во кој љубовта може да ве исцели, но и да ве трансформира. Ќе привлечете партнери кои се мистични.
Полната месечина на 11 јуни ќе настапи во вашиот знак. Ќе сакате да бидете видени, сакани, признаени. Ако сте во врска, ќе барате повеќе внимание или ќе сакате да поставите јасни граници. Ако сте сингл, ова е одличен момент за обновување на самодовербата, бидејќи вие сте магнет за внимание.
Марс влегува во девица на 17 јуни и ја активира вашата 10-та куќа на статусот и професијата. Љубовта може да се случи на работното место, со личност која ви е авторитет или некој што ве инспирира. Ќе чувствувате привлечност кон силни, одлучни луѓе.
На 21 јуни Сонцето влегува во рак, па ќе се отворат прашања за доверба, љубомора и поврзаност. Важно е да не бегате од овие сенки, туку да ги претворите во мостови кон уште поголема интимност.
Младата месечина на 25 јуни во рак отвора можност за нова врска што започнува со интензивна хемија. За некои стрелци ова може да биде љубов која ја менува структурата на нивниот емоционален свет.
На 26 јуни Меркур влегува во лав и ја активира вашата 9-та куќа на патувањата. Ќе чувствувате копнеж по некого што го споделува вашиот поглед на светот. За некои стрелци тоа ќе значи врска со некој од странство, а за други тоа ќе биде љубов родена на патување или преку деловна обука.
Пари и кариера
Вашите цели стануваат сè појасни. Ќе знаете што сакате и ќе имате алатки, мрежа и мотивација да го добиете. Вашиот природен оптимизам, сега поткрепен со реални шанси, ќе ве лансира нанапред.
Со влезот на Венера во бик на 6 јуни, се активира вашата 6-та куќа на работата и обврските. Ќе имате чувство дека сè тече поорганизирано, а вашите колеги ќе бидат попријатни и подготвени за соработка. Ова е одлично време за подобрување на работната средина, уредување на вашето биро или започнување нова рутина што ќе ви го зголеми фокусот.
На 9 јуни Меркур влегува во рак и ја осветлува вашата 8-ма куќа на заедничките финансии, кредитите и инвестициите. Можно е да водите разговори за заем, разделба на имот или вложување во нешто ново. Ќе имате интуиција што ќе ви каже каде да вложите и кого да избегнете.
Истовремено, Јупитер влегува во рак и почнува годишен циклус на финансиско продлабочување. Ќе привлечете поддршка од други – партнер, инвеститор или институција. Пари може да дојдат од несекојдневни извори, но само ако се отворите за соработка и доверба.
Полната месечина на 11 јуни во вашиот знак ве поттикнува да донесете важна одлука за себе: дали кариерата што ја градите ве претставува навистина? Можно е да завршите проект или да добиете јавна пофалба, но и да решите дека е време за нов правец.
Марс влегува во девица на 17 јуни и ја активира вашата 10-та куќа на кариерата и статусот. Ќе бидете амбициозни, директни и полни со енергија. Некои стрелци ќе добијат лидерска позиција или ќе се фокусираат на унапредување.
На 21 јуни Сонцето во рак ја засилува темата на долгорочна стабилност, особено преку соработка со други. Може да размислувате за заем, хипотека или нов бизнис што вклучува партнер. Важно е да правите договори што се фер и да се осигурате правно.
Младата месечина во рак на 25 јуни ви дава шанса да започнете нов проект или финансиски договор. Вашата интуиција ќе биде силна. Слушајте го внатрешниот глас кога потпишувате договор или прифаќате нова понуда.
На 26 јуни Меркур во лав го активира вашето поле на визијата, странство, учењето и објавувањето. Некои стрелци ќе добијат прилика за патување поврзано со работа, други ќе објават нешто или ќе се поврзат со клиенти надвор од земјата.
Здравје
Венера во бик од 6 јуни ви носи можност да се грижите за телото преку задоволства као масажи, балансирана исхрана и секојдневни ритуали кои ви носат мир. Не се пренатоварувајте! Понекогаш најдоброто нешто што можете да го направите е да одморите.
На 9 јуни Меркур во рак носи ментална чувствителност. Ќе бидете свесни за стресот, но и за потиснатите емоции. Медитацијата, водење дневник или разговор со психолог ќе бидат моќни алатки за ослободување.
Јупитер во рак носи проширување на способноста за самоисцелување. Ако имате хроничен проблем, сега е време и за холистички пристап.
Полната месечина на 11 јуни во вашиот знак ве потсетува дека здравјето е лично. Можеби ќе донесете одлука да промените нешто радикално, пример да прекинете навика, да смените лекар или да посветите повеќе време на себе.
Марс во девица на 17 јуни носи зголемена физичка енергија, но и потенцијал за прегорување. Балансирајте меѓу амбиција и одмор. Работата ќе ве бара, но и телото ќе повика на пауза ако го игнорирате.
Сонцето во рак од 21 јуни ви носи фокус на внатрешната грижа. Работете со емоциите што долго сте ги потиснувале.
Младата месечина на 25 јуни е совршена за нов почеток: подобра исхрана, хидратација, отпочнување терапија или работа на ментална јасност. Вашето здравје започнува од внатре и ќе го почувствувате тоа.
Меркур во лав на 26 јуни ви носи мотивација да се активирате ментално со учење, читање, курсеви. Сето тоа ќе го подобри вашиот фокус и ќе ви ја расчисти главата.
Здравјето ви станува ваш сојузник, па нека остане така.
2025 година
Љубов
2025 година носи љубовни искушенија, возбудливи авантури и експлозивни страсни моменти за стрелците. Едноставно е – вашето срце ќе биде отворено за нови искуства. Ова е година кога љубовта ќе ве поведе на патување исполнето со страст, романтични игри и неочекувани пресврти. Ќе почувствувате дека љубовниот живот добива нова димензија, исполнета со емоции кои го скокоткаат срцето и авантуристички дух.
На почетокот на годината, поконкретно на 3 јануари, Венера во риби ќе ја активира вашата 4-та куќа на домот и семејството до 4 февруари. Љубовта ќе биде поврзана со интимни моменти и создавање на хармонија зад затворени врати. Можно е токму за време на празничната сезона да се израдувате на предлог за брак, вест за бременост или разговори за преселување или потомство. Сингл сте? Венера ќе ве поврзе со некој кој е посветен на фамилијата и ги гледа блиските како роса на дланка.
На 4 февруари Венера преминува во овен, вашата 5-та куќа на романтиката и страста. Љубовниот живот ќе добие огнена енергија и ќе биде исполнет со возбуда и неочекувани авантури. Стрелците кои се во врска ќе ја оживеат искрата со страсни допири и романтични изненадувања, додека слободните стрелци ќе се најдат во ситуации исполнети со флерт и заемна привлечност.
Младата месечина во Водолија на 29 јануари ќе настапи во вашата 3-та куќа на комуникацијата. Љубовта ќе се изразува преку зборови – искрени пораки, љубовни писма и долги разговори. Ова е идеално време за запознавање нови луѓе преку заеднички интереси или патувања.
Ретроградната Венера во овен од 2 до 27 март ќе ви донесе шанса да се вратите на стари љубовни приказни. Ова е време за размислување за тоа што навистина ви е важно во љубовта. Веројатно ќе се појави поранешен партнер да ве искушува или ќе почувствувате желба за финално затворање на нерешени љубовни прашања.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе донесе пресврт во вашиот љубовен живот. За паровите, ова е ден за важни одлуки како свршувачка, заедничко живеење или планирање на деца. За слободните стрелци, ова е период кога може да се појави љубов која ќе ги изненади со интензитетот.
На 18 април Марс ќе премине во лав, вашата 9-та куќа на патувањата. Ова движење ќе донесе романтични авантури на егзотични локации. Ако сте во врска, патувањата ќе го разбудат вашиот љубовен дух, додека слободните стрелци ќе имаат шанса да запознаат личност која ги инспирира во сите сфери на животот.
Полната месечина во шкорпија на 12 мај ќе ја осветли вашата 12-та куќа на интроспекцијата. Ова е период на длабоки емоции и размислување за љубовта. Ќе се чувствувате подготвени да го оставите минатото зад себе и да направите простор за нови, повозбудливи врски.
На 4 јули Венера ќе влезе во близнаци, носејќи леснотија и забава во љубовта. Ќе чувствувате потреба да експериментирате и да внесете новини во врската. За слободните стрелци, ова е време на бројни можности за љубовни средби преку патувања или друштвени настани.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ја осветлува вашата 10-та куќа на кариерата. Постои голема шанса да запознаете личност преку вашите професионални активности или неочекувано да откриете романса со колега. Паровите ќе најдат баланс помеѓу личните и професионалните аспекти, создавајќи хармонија во односите.
Венера во стрелец на 30 ноември ќе ја активира вашата 1-ва куќа на личноста, носејќи харизма и магнетизам. Ќе бидете центар на вниманието, а љубовниот живот ќе блесне со нова енергија. За паровите, ова е време за повторно откривање на љубовта, додека слободните стрелци ќе имаат шанса за нови врски со огномет од страст. Венера во вашата 1-ва куќа ќе продолжи да носи магнетска привлечност и радост.
Ќе ја завршите 2025 година подготвени за нови љубовни поглавја.
Пари и кариера
Во 2025 година ќе ви се отвораат врати за унапредувања, нови позиции и профитабилни вложувања. Ѕвездите носат финансиска стабилност и можности за брзи пари, но и шанса за долгорочен успех преку паметно планирање и иницијатива.
На почетокот на годината, ретроградниот Марс во рак ќе ја активира вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси и инвестициите. Во периодот од 6 јануари до 24 февруари ќе размислувате за ревизија на вашите финансиски стратегии и долгогодишни вложувања. Ако имате партнерски проекти или заеднички финансии со други лица, ќе биде важно да направите корекции кои носат стабилност. Постои можност за враќање на стар долг или профит од претходни вложувања.
Со Јупитер кој преминува во директно движење во близнаци на 4 февруари, вашата 7-ма куќа на партнерствата добива нова енергија. Ова е период за профитабилни деловни партнерства и договори. Ќе почувствувате дека работата со други луѓе носи поголем успех од индивидуалните напори. Оние што бараат нови работни позиции ќе добијат одлични понуди, особено во области кои вклучуваат комуникација, маркетинг или меѓународни соработки.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе ја активира вашата 5-та куќа на креативноста и иновациите. Ова движење ќе донесе нови и профитабилни проекти кои можат да го трансформираат вашиот професионален живот. Ако сте размислувале за започнување сопствен бизнис или за преземање на лидерска улога, ова е идеално време за тоа. Вашата креативност и амбиција ќе бидат наградени со зголемен приход.
На 30 април Венера влегува во овен, дополнително нагласувајќи ја вашата 5-та куќа. Ова движење носи можности за брза заработка преку иновативни проекти. Ако работите во уметноста, технологијата или маркетингот, вашиот труд ќе биде препознаен и награден. Може да очекувате бонуси или финансиски награди за успешно завршени проекти.
Со влегувањето на Марс во лав на 18 април, ќе дојде до израз вашата 9-та куќа на експанзијата. Ова е време кога ќе се појават можности за заработка преку меѓународни соработки, патувања или едукација. Ако сте размислувале за дополнителна обука, овој период ќе ви помогне да го проширите вашиот професионален профил и да привлечете повисоко платени позиции.
На 9 јуни Јупитер влегува во рак и ја активира вашата 8-ма куќа на заедничките ресурси. Ова движење носи можности за финансиски добивки од недвижности, наследства или заеднички вложувања. Ако сте размислувале за купување или продажба на имот, ова е време кога ќе најдете профитабилни услови. Вашата финансиска состојба ќе добие значителен стимул.
На 31 јули Венера влегува во рак, носејќи стабилност и хармонија во вашите финансии. Ќе бидете мотивирани да вложите во сигурни проекти кои носат долгорочна добивка. Постои шанса за дополнителна заработка преку партнерски вложувања или деловни соработки.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ја активира вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е време на големи промени и можности за напредок. Оние што бараат унапредување ќе бидат препознаени за нивните напори и може да добијат нова позиција која носи значителна заработка. Ако сте размислувале за промена на кариерата, ова е одличен момент за тоа.
Полната месечина во бик на 5 ноември ќе ја активира вашата 6-та куќа на рутините. Ова е момент за завршување на важни проекти и добивање на награди за вашиот труд. Ќе станете поорганизирани и подетално ќе го планирате секој деловен потег.
На 30 ноември Венера влегува во вашиот знак. Ќе зрачите со самодоверба и ќе привлекувате нови можности за заработка. Вашата харизма и професионализам ќе бидат препознаени, што ќе доведе до нови деловни партнерства и зголемени приходи.
Марс со влегувањето во јарец на 15 декември ќе ја акцентира вашата 2-ра куќа на парите. Ова движење ќе ве мотивира да се фокусирате на зголемување на вашите приходи. Ќе бидете подготвени да работите напорно за да ги постигнете вашите финансиски цели. Постои можност за добивање бонуси или зголемување на платата.
Кон крајот на годината, ќе се почувствувате задоволни со вашите достигнувања и подготвени за нови предизвици во 2026-та.
Здравје
2025 година носи моменти на зголемена енергија, но и потреба за одмор и превентивна грижа.
Од 6 јануари до 24 февруари ретроградниот Марс во рак ќе ве поттикне да се фокусирате на одмор и грижа за емоциите. Ова е време за прочистување на умот и ослободување од стресот преку медитација или релаксациски активности како пливање или пешачење во природа.
Младата месечина во водолија на 29 јануари ќе внесе свежа енергија во вашиот живот, мотивирајќи ве да започнете нови активности кои комбинираат физичка активност и ментална релаксација, како јога или танц.
Соларната еклипса во овен на 29 март ќе отвори можности за воведување здрави промени. Ова е одлично време за нови фитнес програми или исхрана која ќе ве исполни со енергија. Вашата мотивација ќе биде висока, а резултатите ќе бидат видливи брзо.
Со Марс кој влегува во лав на 18 април, вашата виталност ќе се зголеми. Ова е идеално време за активности на отворено и спортови кои ја стимулираат вашата енергија. Ќе почувствувате како вашето тело и ум се синхронизираат, носејќи ви нови бранови сила и подготвеност за предизвици.
Јупитер, кој на 9 јуни влегува во рак, дополнително ќе ја нагласи важноста на вашето емоционално здравје. Овој транзит ќе ве поттикне да истражувате холистички методи за подобрување на целокупното здравје. Акупунктура, ароматерапија или други алтернативни терапии може да бидат токму она што ви е потребно за воспоставување на комплетна рамнотежа. Во летните месеци, ќе бидете инспирирани за активности што комбинираат забава и физичка кондиција. Патувањата и авантурите ќе ја поттикнат вашата ментална свежина и ќе ви донесат радост.
Соларната еклипса во девица на 21 септември ќе ве охрабри да воведете ред во вашите здравствени навики. Ќе почувствувате потреба за ригорозен распоред, редовни оброци и доволен сон. Ова е идеален период за редовни медицински прегледи и воведување нови здравствени рутини кои ќе ви помогнат да останете стабилни и енергични.
На 30 ноември Венера влегува во вашиот знак, носејќи харизма и виталност. Ова ќе биде време кога ќе се чувствувате најдобро во својата кожа, а вашиот ентузијазам за животот ќе биде заразен.
Марс во јарец од 15 декември ќе ви донесе дисциплинираност и фокусираност, особено кога станува збор за вашето физичко здравје. Ќе бидете подготвени да преземете долгорочни чекори за да го зајакнете телото.
Ќе ја завршите годината со чувство на благодарност за постигнатото.
Општи карактеристики за стрелец
Ведрите стрелци се управувани од Јупитер - најголемата планета од сончевиот систем. Во древната римска митологија, Јупитер е водич на Боговите. Јупитер е „веселата“ планета полна со енергија и доверба. Многу често стрелците ги примаат карактеристиките на Јупитер.
Ако вашиот хороскопски знак е стрелец, вие имате слободен дух, оптимисти сте, секогаш отворени за нови идеи и амбициозни. Вашата најголема цел е да ја откриете смислата на животот и многу често ја барате во филозофијата и религијата. Мудри сте и не сакате да следите точно определени цели, планирани со време. Сакате да бидете слободни за да може да го правите она што го сакате без никакви ограничувања. Независни сте, но многу често сте агресивни и импулсивни. Понекогаш таа ваша желба за слобода ве прави егоисти.
Стрелецот е спротивен знак на близнаци. На близнаците им се допаѓа да научат различни работи наеднаш, додека вие како стрелец преферирате да навлезете длабоко во темата која сте ја избрале. Карактеристичен за вас е големиот оптимизам, а вашата вера дека секогаш е добро да се направи чекор напред ви дава можност да напредувате. Тоа пак од своја страна понекогаш ве прави и пребрзани и невнимателни.
Вие сте најсреќни во широко отворени пространства, каде што има многу авантури и возбуда. Обожавате патувања и духовни учења - еден друг вид патувања, смели сте и во авантуристички дух. Секогаш кога раскажувате за тие ваши авантури малку преувеличувате, но тоа е со цел да ги забавувате вашите пријатели.
Секогаш се стремите да исполнете некаква огромна цел. Дури и кога нема да успеете не останувате на дното, а од тоа извлекувате некаква животна лекција и секогаш ги инспирирате другите со приказни за вашето искуство. Знаете да ја предавате својата енергија и знаење на луѓето околу вас и тоа ве прави добри учители.
Во слободното време сакате да се занимавате со спортски активности и ги сакате предизвиците, особено интелектуалните. Стрелецот управува со бедрата и нозете и поради тоа вие веројатно многу често страдате од болки во нозете.
Во љубовните односи вие сте авантуристи и не сте пример за верност. Многу тешко правите компромиси и имате потреба од комплименти. Искрени сте, меѓутоа вашата искреност не е секогаш добра. Многу често со тоа ги повредувате чувствата на другите. Имате милиони проекти, хобија и пријатели. Колку повеќе, толку повесело. Иако сте секогаш возбудени кога имате нов проект или пријателство, не секогаш го завршувате она што сте го започнале.
Симбол:
Стрелец
Симболизира:
Долги авантури, филозофија, закони, религија, трговија со други држави, живот на отворено, физички вежби, јавање, голема брзина, мудрост, независност.
Елемент:
Оган
Планета:
Јупитер – планетата на среќата и експанзијата.
Ден од седмицата:
Четврток
Боја:
Сина
Број:
1, 3 и 4.
Скапоцени камења:
Топаз, сафир, аметист.
Најдобри професии:
Учители, истражувачи, спортисти, новинари, пилоти, стјуардеси, адвокати, патнички агенти, туроператори, дипломати, теолози, свештеници, преведувачи, трговски претставници.
За да се спријателите со нив:
Придружете им се во авантурите! Во спротивно ќе бидете игнорирани.
Дел од телото:
Бедро, црн дроб.
Добри карактеристики:
Чесни, фер, оптимисти, ентузијасти, посветени, љубители на авантурите, весели, независни, сакаат слобода, идеалисти, горди, љубители на спортот, сакаат да се движат, љубезни.
Лоши карактеристики:
Склони да спорат и да ги поучуваат другите, неразумни, нетактични, премногу самоуверени, преувеличуваат, екстремисти, невнимателни, неодговорни, егоисти, радикални.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Силни нозе, очи кои се смеат, комична физиономија.
Омилени работи:
Смели работи, флертување, миленичиња, поп музика, меѓународни патувања, смеа, караоке, книги, приказни кои инспирираат.
Работи кои ги мразат:
Предрасуди, рутини, правила, досада, зборовите „не можам“, сериозност.
Можете да ги најдете:
Како организираат шоу за таленти; како кажуваат несоодветни шеги на состанок; патувајќи низ Јужна Америка.
Скриена желба:
Да ги создаваат правилата!