Почетна » Новости » Музика » „Miracle“: Песната со која Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2025

„Miracle“: Песната со која Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2025

Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија со песната „Miracle“.

Баладата штотуку беше објавена на YouTube каналот на „Junior Eurovision Song Contest“. Песната, која е дело на Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „носи силна и инспиративна порака – дека сите ние носиме светлина во себе“.

Слушнете ја и „почувствувајте ја магијата на ‘Miracle’“:

„Нела Манческа има 13 години и доаѓа од Скопје. Младата пејачка се истакна со нејзините извонредни вокални способности, музичка зрелост и впечатливо сценско присуство. Нела веќе има стекнато признание за нејзиниот глас, освојувајќи повеќе музички натпревари на меѓународно ниво, силен доказ за нејзиниот талент и посветеност кон музиката. Со својот глас, харизма и неисцрпна енергија, Нела е подготвена да ја претставува Северна Македонија во Тбилиси 2025 и да ги освои срцата на гледачите ширум светот“ – стои на сајтот на „Junior Eurovision Song Contest“.

Нела Манческа Нела Манческа Нела Манческа Нела Манческа Нела Манческа Нела Манческа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30275 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.