Почетна » Новости » Животни стории » Не стигнаа да се пофалат дека чекаат бебе: Балканот плаче за Анѓела (20) и Милош (21) кои загинаа под настрешницата во Нови Сад

Не стигнаа да се пофалат дека чекаат бебе: Балканот плаче за Анѓела (20) и Милош (21) кои загинаа под настрешницата во Нови Сад

Пред четири дена се наврши една година од несреќата на железничката станица во Нови Сад, а Балканот повторно заплака за изгубените животи.

При падот на настрешницата од зградата згаснаа 16 животи полни со соништа и надежи. Меѓу нив се и оние на Анѓела Руман (20) и Милош Милосављевиќ (21), кои не само што сонуваа за заедничка иднина, туку и очекуваа бебе.

Тие не дочекаа да ја прослават со најмилите убавата вест дека ќе добијат принова, бидејќи несреќата ги прекина нивните соништа. Нивните родители дознаа за бременоста дури по нивната смрт.

Анѓела Руман и Милош Милосављевиќ Анѓела Руман и Милош Милосављевиќ

Милош бил млад фудбалер, кој на денот на трагедијата бил на посета на сестра си во Нови Сад. По кратка кафе средба, таа го оставила на станицата, каде што требало да се сретне со неговата сакана Анѓела.

Плановите им биле прекрасни. Сакале да направат голема прослава за неговиот роденден и на семеен ручек да ја споделат веста за бременоста. Меѓутоа, судбината ги срушила засекогаш нивните планови.

Неговиот татко, Горан Милосављевиќ, раскажал за ужасниот момент кога ја добил веста:

„Работев нешто околу куќата кога ме повика сопругата, вознемирена, прашувајќи дали сум се чул со Милош... Ми кажа дека се случила несреќа на станицата. Мислев дека заминал, дека можеби не се јавува затоа што е некаде во автобус, игра игрици, па не сака да се јави за да не го прекинуваме… Но, потоа на вестите ги видов неговото име и презиме. Соопштија дека настрадал. Две минути подоцна, пред куќата се паркираше полициска патрола. Излегоа четворица полицајци да ме известат дека останав без син“.

Анѓела Руман и Милош Милосављевиќ Анѓела Руман и Милош Милосављевиќ

Горан тогаш требало да го направи најтешкиот телефонски повик дотогаш – да ѝ соопшти на сопругата дека Милош загинал.

„Ѝ се јавив на сопругата и ѝ реков дека останавме без Милош. Нашиот Милош настрада“ – изјави Горан и сподели дека Анѓела била бремена, за што дознале по несреќата.

„До тој ден не ни знаевме дека неговата девојка е бремена. Тоа сакаа да ни го соопштат на фамилијарниот ручек“ – додаде тој.

Анѓела Руман и Милош Милосављевиќ

Семeјството на Анѓела Руман ни по една година не може да ја прифати суровата вистина. Нејзината мајка, Зорица Руман, често се обраќа преку социјалните мрежи, објавувајќи емотивни пораки посветени на ќерката што ја изгубила.

Анѓела Руман и Милош Милосављевиќ Анѓела Руман и Милош Милосављевиќ

„На 30 март 2004 година станав најсреќната мајка на светот. Денес, наместо роденденска свеќа, палам свеќа на гробот. Проклет 1 ноември ми зеде сè“ - напиша таа на роденденот на ќерка си.

На годишнината од смртта на парот, Зорица напиша:

Осамна и тој 1 ноември. Болката сè посилна, посилна...

Овие денови често ме прашуваат:
„Помина една година, што ви недостига најмногу? Дали болката е помала?“

Не, не помина година, затоа што ние сме заробени во тој 1 ноември, во кошмар од кој се обидуваме да се разбудиме и да кажеме: „Беше само лош сон.“

Но, за жал, не беше. Болката секој ден станува сè поголема и поголема. Недостигате... Недостига вашата топлина, радост, смеа, шеги, па дури и оние ситни препирки. И она вашето: „Мамо, мириса ли на палачинки? Ни се пријаде нешто благо...“ Ни мириса куќата на ништо повеќе.

Нè обзеде темнина, тага, солзи и сеќавање на среќните денови поминати со вас. НЕДОСТИГАТЕ, МОИ АНГЕЛИ.

Родителите на младиот пар велат нема да имаат мир сè додека не се утврди кој е одговорен за падот на настрешницата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30209 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.