Почетна » Забава » Слободно време » Календар со неработни денови и празници за 2026 година

Календар со неработни денови и празници за 2026 година

Дали сте подготвени за нови патувања и викенд авантури?

Претстојната 2026 година ќе ни донесе повеќе продолжени викенди од годината којашто изминува, давајќи ни шанси да ги посетиме омилените дестинации и да се релаксираме од работните обврски.

Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои се продолжени викенди, за да можете однапред да ги склопите вашите планови.

Календар

(Кликнете на сликата за да ја видите во зголемена верзија)

(Забелешка - Неработните денови одбележани со задебелени букви всушност се и продолжени викенди.)

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), во 2026 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ:

  • 1 јануари (четврток), Нова Година,
  • 7 јануари (среда), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар,
  • 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
  • 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 1 мај (петок), Ден на трудот,
  • 24 мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
  • 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,
  • 8 септември (вторник), Ден на независноста,
  • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
  • 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
  • 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница

  • 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница

  • 27 јануари (вторник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30324 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.