Семејството на Ребека Јанковска Ристески има посебен повод за славење.
Нејзиниот најголем син Маркијан наполни 19 години. За да го одбележи овој специјален ден, македонската пејачка склопи компилација од приватни фотографии и видео на кое Маркијан се гушка со своето куче.
„Среќен роденден. 19 години. Момчето ЉУБОВ. Искачивме многу планини, а нè чекаат уште. Со Божја Волја сè ќе биде“ – напиша Ребека на видеото.
Во описот им се заблагодари на сите кои одвоија време за да му го честитаат роденденот на пораснатиот Маркијан.
„Ви благодариме на честитките. Им благодариме на сите добри луѓе кои на некаков начин помогнаа за да стигнеме ние и Маркијан до тука. Слава на Бога“ – стои во описот.
Ребека со својот сопруг Милан имаат и близнаци, Макариј и Доротеј.
