Почетна » Новости » Актуелно » Битолски Камерен Оркестар станува Битолски Оркестар DIVA – нова ера на битолската музичка приказна

Битолски Камерен Оркестар станува Битолски Оркестар DIVA – нова ера на битолската музичка приказна

На 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола, градот ја прослави само својата историја, и еден нов почеток во културниот живот. Во Центар за култура, Битола се одржа настан на кој Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect го претстави своето ново име – Битолски Оркестар DIVA.

Настанот, кој се одржа во чест на градот и неговите граѓани, собра бројни гости, љубители на музиката и пријатели на оркестарот. Присутни беа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како и претставници од збратимените градови од Србија, Турција и Украина. Водителка на настанот беше Маја Андоновска Илијевски.

Настанот беше структуриран во два дела. Во првиот дел, присутните беа потсетени на историјата на Битолскиот Камерен Оркестар, на неговото возобновување во 2013 година под водство на Владимир Димовски и Никола Трајановски, како и на сите уметници што низ годините ја градеа оваа музичка приказна со љубов и ентузијазам.

Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA

Се изрази благодарност до сите поддржувачи и спонзориОпштина Битола, Центарот за култура – Битола, КИЦ Битола, како и до генералниот спонзор IWConnect, кој веќе осум години стои зад проектите на оркестарот. Благодарност добија и Синпекс, БВ Инженеринг, Хемометал, Diners Club Macedonia, и многубројни компании и поединци кои со години ја поддржуваат музиката и културата во градот.

Во овој дел беше прикажано и специјално видео со поздрави и пораки од познати уметници од македонската и балканската музичка сценаЕлена Ристеска, Влатко Стефановски, Пеце од Superhiks, Ристо Самарџиев, Јелена Томашевиќ, како и Ранко Петровски, авторот на „Златна Бубамара на Популарноста“, кој ја потсети публиката дека токму Битолскиот Камерен Оркестар беше добитник на признанието за најпопуларен оркестар во Македонија.

Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA

Со ребрендирањето и новото име Битолски Оркестар DIVA, оркестарот влегува во нова фаза, помодерен, посовремен и поблиску до публиката.

„DIVA“, како што беше објаснето на настанот е титула што ја носат најголемите уметници, симбол на зрелост, квалитет и уметнички врв. Токму таква е и новата насока на оркестарот – со почит кон традицијата, но со храброст да создава нешто современо и уникатно.

Во своето обраќање, Владимир Димовски, човекот кој повеќе од една деценија стои зад сите успеси на оркестарот, истакна:

„Во овие години реализиравме голем број концерти низ Македонија и Европа, и токму тие концерти беа доказ дека овој град заслужува оркестар. Благодарение на тие години труд и упорност, денес Битола може да се пофали со Национална Установа и со уште еден оркестар кој создава различни видови проекти, единствен во државата од таков вид.
Бидејќи често настануваше забуна меѓу двата оркестри, дојде време да направиме јасна разлика помеѓу нив. Националната установа ќе продолжи да ја негува класичната музика, додека нашиот оркестар, сега под името Битолски Оркестар DIVA, ќе продолжи да создава нова, современа приказна.“

Тој додаде и дека новото име носи со себе вистински промени:

„Битолски Оркестар DIVA со себе носи нови инструменти, нов пристап и нова технологија. Оркестарот ќе биде првиот во Македонија и пошироко со електрични инструменти, а благодарение на Diners и Синпекс, од сега нотите ќе ги читаме дигитално – на таблети. Така ја спојуваме традицијата со современото и ја претвораме Битола во град што чекори со музичкиот свет.Со Битолски Оркестар DIVA, ова е само почеток.“

Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA

Настанот заврши со концертен дел каде оркестарот ја претстави својата визија за иднината. За повеќе информации за Битолски Оркестар DIVA, на следните линкови: Facebook и Instagram.

Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA Битолски Оркестар DIVA

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30217 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.