Животната приказна на Мајкл Џексон ќе биде раскажана на големото филмско платно. Во улога на Кралот на поп музиката ќе влезе неговиот внук Џафар Џексон.
Првите фотографии од снимањето на филмот „Michael“ покажуваат дека Џафар е негова копија. „Со Џафар, секој поглед, секоја нота, секој танцов потег е Мајкл. Тој го долови Мајкл на начин на којшто не би можел ниту еден друг актер“ – изјавил продуцентот Грем Кинг.


27-годишното момче сподели две фотографии на својот Instagram профил и напиша: „Почестен сум што можам да ја оживеам приказната на мојот чичко Мајкл. До сите фанови ширум светот, се гледаме наскоро“ – напиша тој.


„Филмот ги раскажува неговите триумфи и трагедии на епско, кинематографско ниво. Од неговата човечка страна и личните борби, до неговиот креативен гениј, прикажан низ неговите најиконски настапи. Како никогаш досега, публиката ќе може да ѕирне во животот на еден од највлијателните, врвни уметници што светот некогаш го познавал“ – пишуваат во описот за „Michael“.
Видео од пробата на Џафар:
Премиерата на „Michael“ е закажана за 2025 година.

