Мартинијан Кириловски се отвори за моментот кој довел до неговата говорна мана.
29-годишниот македонски пејач гостуваше во емисијата на Давид Давидовски и раскажа трауматична случка од неговото детство која го предизвикала пелтечењето.
Младиот музичар откри дека 4-5 дена не можел да престане да плаче и да блада откако негов сосед пред него фрлил глава од кокошка која ја колел.

Тоа ми се има случено на мене на мои 4 години. Комшијата мој колел кокошка и знаете мали деца да видат. Тој бил свртен со грб, јас сум бил зад него и тој главата од кокошката ја фрлил позади и таа падна пред мене. Јас плачење автоматски, бладање-плачење 4-5 дена без престан. Дури и кошмари во сон. И тоа направило кај мене некое пореметување во говорот. Траума, да. И траума е според говорот и стресно е многу, стрес голем, иако сум бил мало дете. Сега успевам да се контролирам со некои вежби кои ги правиме. Сум се прифатил каков што сум. Сум бил саботиран многу и во училиште и во многу ситуации. Но, тоа не ми беше никаква пречка да продолжам да го работам тоа што го сакам, а тоа е музиката.
Потоа, Мартинијан раскажа и за случка кога бил имитиран од професор во училиште.
Во школо да, немаше некој многу голем ‘булинг’ да кажам, меѓутоа, од некои да. Дури и се сеќавам и од професор во основно, да не го именувам.
Јас почнав нешто да зборувам и тој зборуваше друго, ми се сврти накај мене, ме изимитира тоа што го кажав и се потсмевна малку. И јас онака останав, дете 6-то одделение.