Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Популарниот актер Чарли Шин е ХИВ позитивен

Популарниот актер Чарли Шин е ХИВ позитивен

Чарли Шин наводно е ХИВ позитивен. Според релевантни светски медиуми, популарниот актер планира да ја обелодени шокантната дијагноза во шоуто „Today“.

Чарли Шин

Неколку недели се шпекулираше дека холивудски актер го има вирусот, а сега „изби“ на виделина името на Шин. 50-годишната ѕвезда од филмовите „Wall Street“, „Hot Shots!“, „The Three Musketeers“ и „Being John Malkovich“, како и сериите „Spin City“ и „Two and a Half Men“ се очекува да зборува отворено за својата здравствена состојба.

Одредени медиуми тврдат дека Шин ја криел својата дијагноза од сексуалните партнерки. Не е тајна дека Шин во изминативе години се бореше со зависност од дрога и имаше врска со повеќе порно ѕвезди.

Чарли зад себе има три пропаднати брака. Тој има ќерка од врската со Пола Профит. Шин стапи во брак со Дона Пил во 1995 година, а се разведе следната година. Шин има и две ќерки со втората сопруга Дениз Ричардс и близнаци со третата сопруга Брук.

Дениз Ричардс Брук Шин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11454 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.