Почетна » Новости » Актуелно » Календарот што го диктира животот: Менструалниот циклус тема на разговор во новата епизода од подкастот „Женски ритам“

Календарот што го диктира животот: Менструалниот циклус тема на разговор во новата епизода од подкастот „Женски ритам“

Што значи да се живее во менструален циклус во свет полн со предизвици? Како различните фази од циклусот влијаат на секојдневниот живот и дали забележуваме напредок во полето на менструалната правда? Ова се само дел од прашањата на кои ќе најдете одговор во новата епизода на dmPodcast-от „Женски ритам“.

Темата на петтата епизода од втората сезона на „Женски ритам“ е „Календарот што го диктира животот“, а гостинки во епизодата се македонската атлетичарка Милјана Ристиќ и д-р Весна Чибишева, специјалист гинеколог.

Како успешна тенисерка која одржува интензивен и активен спортски живот, Милјана Ристиќ во епизодата раскажува за тоа како менстуралниот циклус влијае на нејзините подготовки, предизвиците со кои мора да се соочи за време на тренинзите и натпреварите, но и сѐ но и за тоа дали е доволно развиена свесноста за менструалниот циклус во светот на женскиот спорт. Доктор Весна Чибишева, пак, истакнува некои важни знаци на кои треба да внимаваме за време на стресните периоди и нуди совети за справување и прифаќање на „оние денови од месецот“ како составен дел од животот на секоја жена.

„Менструацијата и не е така тешка за да ѝ дозволиме да ни го диктира животот. Многу примери секојдневно ме убедуваат дека жените се навистина посилниот пол. Жените качуваат планински врвови, предаваат во големите факултетски предавални, но истовремено знаат и да одгледуваат добиток. Жените настапуваат, играат и пеат на големи сцени, трчаат маратони – и сето тоа се случува додека ги чувствуваат менструалните болки“, вели Д-р Весна Чибишева, специјалист гинеколог.

Темата за менструалниот циклус и менструалната правда е исклучително важна за dm drogerie markt, која во текот на изминатата година постави преку 200 диспанзери за хигиенски влошки во факултетите ширум земјата и обезбеди бесплатни влошки за сите студентки на овие факултети. На овој начин, компанијата и директно делуваше кон намалување на менструалната сиромаштија и обезбедувањето на подобра нега за жените во образовните установи.

Подгответе се за одлична епизода полна со информации релевантни и важни за сите жени од сите возрасти. Кликнете го YouTube линкот и погледнете ја претпоследната епизода од втората сезона на „Женски ритам“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27197 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.