Почетна » Новости » Актуелно » Дејвид Бекам прогласен за витез од кралот Чарлс, Викторија и родителите гордо го поддржаа

Дејвид Бекам прогласен за витез од кралот Чарлс, Викторија и родителите гордо го поддржаа

Сер Дејвид Бекам денеска конечно го доби признанието што со години го очекуваше – витештво од кралот Чарлс Трети за неговите заслуги во спортот и добротворната работа.

На церемонијата во замокот Виндзор, 49-годишниот поранешен фудбалер и хуманитарец пристигна придружуван од сопругата Викторија и неговите родители, Тед и Сандра. За овој посебен момент, тој носеше елегантно одело дизајнирано токму од Викторија, која за првпат специјално изработи облека за својот сопруг.

Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез

Бекам зад себе има блескава кариера во која освои 25 трофеи, одигра 115 натпревари за репрезентацијата на Англија, од кои 58 како капитен, и остана запаметен по незаборавни моменти, како легендарниот гол против Грција во 2001 година кој ја однесе Англија на Светското првенство во 2002.

Својата професионална кариера ја започна во Манчестер Јунајтед, каде со Сер Алекс Фергусон освои шест титули во Премиер лигата, две ФА куп титули и го освои славниот трофеј од Лигата на шампионите во 1999 година. Подоцна играше и за Реал Мадрид, ЛА Галакси и Парис Сен Жермен, освојувајќи првенства во четири различни земји - подвиг кој досега ниту еден друг британски фудбалер не го постигнал.

Освен по спортските достигнувања, Бекам е познат и по хуманитарната работа. Од 2005 година е амбасадор на УНИЦЕФ, а минатата година беше именуван и за амбасадор на фондацијата на кралот Чарлс. „Голема чест е да бидам дел од нешто што кралот го градел со децении. Имаме многу заеднички интереси – од природата и пчеларството до поддршката на младите,“ изјави Бекам во едно неодамнешно интервју.

Сопругата Викторија со солзи во очите ја примила веста дека нејзиниот сопруг ќе биде одликуван и изјавила дека ова признание би ги направило горди неговите покојни баба и дедо.

Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез Дејвид Бекам прогласен за витез

Покрај Бекам, на истата церемонија беа одликувани и нобеловецот и писател Казуо Ишигуро, кој доби титула Companion of Honour за придонес во литературата и познатата театарска ѕвезда Елејн Пејџ, која беше прогласена за Дама.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.