Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина актерката која ја глумеше Берта во „Two and a Half Men“, Чарли Шин се збогуваше со порака

Почина актерката која ја глумеше Берта во „Two and a Half Men“, Чарли Шин се збогуваше со порака

Почина Кончата Ферел. Актерката, која ја глумеше куќната помошничка Берта во серијата „Two and a Half Men“, издиша за последен пат на 77-годишна возраст.

Како причина за смртта се наведуваат компликации по доживеан срцев удар.

Кончата Ферел

Чарли Шин, со кого глумеше во популарната серија, објави порака на својот Twitter профил за да се збогува со долгогодишната колешка.

Кончата Ферел

Апсолутна душа

Комплетен професионалец

Вистински пријател

Шокантна и болна загуба.

Берта,

Твојата грижа за домот беше сомнителна,

но твојата грижа за луѓето беше совршена.

И Џон Крајер, кој го глумеше Алан Харпер, сподели порака за Кончата.

Кончата Ферел

Ова лето, Кончата доживеала срцев удар, по што била поставена на респиратор.

За улогата како Берта, Кончата доби две номинации за ЕМИ наградите. Таа глумеше во популарната серија цели 12 години, од 2003 до 2015 година и по заменувањето на Чарли со Ештон Кучер.

Кончата Ферел Кончата Ферел Кончата Ферел

Кончата се имаше појавено и во серии како „ER“, „Grace and Frankie“ и „Buffy the Vampire Slayer“. Таа доби филмски улоги во „Erin Brockovich“, „Edward Scissorhands“ и „Krampus“.

Ферел беше во брак со Арни Андерсон од 1986 година. Тие заедно имаат една ќерка, 38-годишната Саманта.

Кончата Ферел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11034 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.