Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Марија Микиќ потврди дека се разведува откако сопругот ги избриша сите заеднички фотографии на Instagram

Марија Микиќ потврди дека се разведува откако сопругот ги избриша сите заеднички фотографии на Instagram

Марија Микиќ и Јован Пантиќ се разведуваат.

33-годишната српска пејачка ги потврди гласините дека се разделува со партнерот со кого има две мали деца откако тој ги избриша сите заеднички фотографии на Instagram.

Марија Микиќ и Јован Пантиќ

Откако фамилијарно го прославија 3-тиот роденден на ќеркичката, на Instagram Story, Марија напиша:

Марија Микиќ и Јован Пантиќ

Во овие тешки времиња, освен сè што се случува околу нас, постои и она што се случува во нашите срца. Мислам дека веќе долго време должам одговори на некои прашања и не се чувствувам убаво поради тоа.

Минував низ многу тежок период во животот на сите полиња. Освен операциите и моето здравје во кои бевте упатени, најмногу прашања имаше во врска со мене и мојот сопруг. Дури кога сама со себе можам да го изговорам тоа наглас, одлучив да ви кажам и вам.

Јован и јас одлучивме да не бидеме повеќе заедно. Животните патишта и приоритети нè одведоа на спротивни страни и покрај напорите, не успеавме да го пребродиме тешкиот период. Од нашата љубов, која беше најголема која некогаш сум почувствувала, добивме два ангели. Ти благодарам Господе за нив и за љубовта која ми дозволи да ја доживеам.

Иако љубовта меѓу партнерите повеќе не е на прво место, помеѓу нас останува почитта, сеќавањето на сè убаво што сме создале и најголемата сила да бидеме најдобри родители на нашите деца, како единствен испит во животот кој мораме да го положиме со 10,00...

Ни јас, ни Јован повеќе нема да се огласуваме на оваа тема...

Марија Микиќ и Јован Пантиќ

Во април, Марија си направи операција за отстранување на цистите на гласните жици.

Марија Микиќ и Јован Пантиќ

Марија и Јован стапија во брак во 2023 година по одложувањата на свадбата поради пандемијата. Тие заедно имаат ќерка и синче.

Марија Микиќ и Јован Пантиќ Марија Микиќ и Јован Пантиќ Марија Микиќ и Јован Пантиќ Марија Микиќ и Јован Пантиќ Марија Микиќ и Јован Пантиќ Марија Микиќ и Јован Пантиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27193 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.