Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ештон Кучер ќе го замени Чарли Шин во „Two and a Half Men“

Ештон Кучер ќе го замени Чарли Шин во „Two and a Half Men“

Чарли Шин доби своја замена. Според најновите информации, Ештон Кучер е актерот кој ќе продолжи да нè забавува во серијата „Two and a Half Men“.

Ештон Кучер

Се смета дека CBS и Warner Bros. му ја понудиле улогата на Ештон откако пропаднале преговорите со Хју Грант.

Засега нема официјална потврда, но Ештон испратил порака на Twitter со која очигледно им потскажува на своите следбеници за големата новост. „Колку е квадратен корен од 6,25?“ – напишал тој. Одговорот: 2 ½.

Анонимни извори велат дека креаторот на серијата, Чак Лори, веќе измислил како да го „вметне“ на елегантен начин Ештон во серијата. „Навистина е смешно. Луѓето ќе го сакаат“ – изјавил Лори за The Hollywood Reporter.

Снимањето на популарната серија беше стопирано по отпуштањето на Чарли Шин, кој неколку пати на недоличен начин го напаѓаше Чак Лори во медиумите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.