Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќеркичката на Новак Ѓоковиќ го украде целото внимание на Вимблдон покажувајќи го победничкиот танц „Пумпај“

Ќеркичката на Новак Ѓоковиќ го украде целото внимание на Вимблдон покажувајќи го победничкиот танц „Пумпај“

Секоја победа на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ја прославува со „пумпање“ со неговата ќеркичка Тара, која верно го бодри од публиката.

Тара Ѓоковиќ Тара Ѓоковиќ

По победата над сонародникот Миомир Кецмановиќ и пласманот во осминафиналето на тенискиот турнир, 38-годишниот тенисер објасни што значи неговиот победнички танц и ја охрабри 7-годишната Тара да покаже како се игра.

Тара Ѓоковиќ

„На нашиот јазик велиме ‘пумпај’, а ‘pump it up’ на англиски. Имаме песна со моите деца, видете ќерка ми го прави тоа во моментов. Миличка, сакаш ли да покажеш?“ – ѝ рече Новак на слатката Тара, која започна да „пумпа“.

„Тоа е мала традиција која ја имаме во моментов. Се надевам дека ќе можам да продолжам, за да можеме да продолжиме да пумпаме“ – додаде српскиот тенисер.

@sportscenternext #novakdjokovic #tennis #daughter #wimbledon ♬ original sound - SportsCenter NEXT

Претходно, на прес-конференција, Новак го објасни танцот и рече:

„Тоа е помеѓу мене и моите деца. Имаме две песни кои ги слушаме, па пред десетина дена зборувавме дека таа кореографија би можела да биде соодветна за победа на Вимблдон. По секоја победа така ќе славам“.

Тара Ѓоковиќ Тара Ѓоковиќ

Инаку „Пумпај“ во Србија стана парола на студентските протести кои траат со месеци, а Новак јавно ја има искажано поддршката за истите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27179 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.