Радоста е најголема кога желбите се остваруваат.
Сања Ристиќ му го оствари големиот сон на својот син и го одведе во Барселона на стадионот Камп Ноу, на кој тренира неговиот омилен тим.
Деветгодишниот Иан најпрво не знаел каде патуваат, но кога во авионот слушна дека станува збор за Барселона не можеше да ја сокрие својата радост.






„Сонот остварен. Теренот каде што тренира Барса“ – напиша Сања во описот на видео во кое Иан за првпат згазнува и ја допира тревата на теренот во Камп Ноу.









Сања има уште еден син, 6-годишниот Део, од бракот со поранешниот партнер, ракометарот Дејан Пецаковски. Таа сега е во врска со Перо Антиќ.
