Никола Станишиќ е победникот во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година.
25-годишниот пејач од Скопје го освои првото место со 138.714 гласа и доби силна прегратка од својата менторка Цеца Ражнатовиќ.


За финалниот настап, Никола носеше црна маица со македонското знаме и срце во коешто пишуваше: „Од срце за Кочани“, а ја отпеа познатата песна на ДНК, „Ако утре ме нема“.
Никола во текот на целото натпреварување пееше македонски песни, а по победата ја отпеа „Бисер балкански“ завиен со македонското знаме.
„Пред сè би сакал да се заблагодарам на сите, ама посебно на мојата Македонија и на мојата најдобра менторка Цеца. Ве сакам сите, фала ви многу“ – рече Никола.
По победата, Никола на Instagram напиша:
Македонијо .. УСПЕАВМЕ!!!
Неможам уште да поверувам што се случи, не стигнав порано да ви се обратам затоа што незнам што ме снајдее телефонот ми блокира!!
Сега полека ќе ја отворам секоја ваша порака и да знаете дека многу ми значи сè.
ПРЕСРЕЌЕН СУМММ!!!
СЕ ПОТРУДИВ МАКСИМАЛНО ДА ГО ОПРАВДАМ СЕКОЈ ВАШ ГЛАС!
ВЕ САКАМ!!!!


