Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дамијано Давид и Дав Камерон се верија: Фронтменот на Måneskin ја запроси ѕвездата на Дизни со дијамантски прстен

Дамијано Давид и Дав Камерон се верија: Фронтменот на Måneskin ја запроси ѕвездата на Дизни со дијамантски прстен

Дамијано Давид и Дав Камерон направија голем чекор во својата врска.

Фронтменот на Måneskin и ѕвездата на Дизни се верија, а веста први ја пренесоа од TMZ. Тие објавија фотографии на кои парот е „уловен“ во Сиднеј, Австралија, а на левата рака на американската актерка и пејачка блеска дијамантски прстен.

Фотографиите од нивната прошетка брзо се проширија на социјалните мрежи, а иако двајцата засега не дале официјална изјава, извори на TMZ потврдиле дека станува збор за веренички прстен.

Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон

Дамијано и Дав ја започнаа својата романса во 2023 година, кога Камерон првпат беше видена на концерт на Måneskin во Њујорк. Нивната врска стана јавна во февруари 2024 година, кога заедно се појавија на гала вечера во пресрет на доделувањето на Греми наградите.

Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон

Минатиот месец, Камерон на Инстаграм ја прослави втората годишнина од нивната врска со емотивна објава:

„Две најубави години од мојот живот. Плачам барем еднаш неделно затоа што животот стана толку убав откако си во него. Те сакам на начин кој зборовите не можат да го опишат“ – напиша таа.

Дамијано Давид и Дав Камерон Дамијано Давид и Дав Камерон

Ова е втора веридба за Камерон, која во минатото беше свршена за актерот Рајан МекКартан, нејзиниот колега од серијата „Liv and Maddie“, со кого беше во врска од 2013 до 2016 година.

Дамијано Давид и Дав Камерон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30050 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.