Северина приреди вистински спектакл во родниот Сплит.
53-годишната музичка ѕвезда ја исполни салата „Грипе“ до последно место, а концертот, кој се подготвуваше повеќе од два месеца, беше вистински спој на емоции и носталгија.
Облечена во впечатлив црн корсет и преполна со енергија, Северина ги пееше своите најголеми хитови додека на големите екрани зад неа се прикажуваа ексклузивни снимки од нејзиниот приватен живот – детството, семејството и првите чекори во кариерата.
Најемотивниот момент на вечерта пристигна кога ја испеа песната „Rođeno moje“, посветена на нејзиниот син. Со треперлив глас и солзи во очите, Северина ѝ се обрати на публиката со зборовите:
„Сега песна за најважниот маж во мојот живот. Неговото срце чукаше под моето. Повеќепати се обидоа да ми го одземат, но по 12 години борба - мојот син живее со мене.“
Публиката ја поздрави со долги овации, а многумина не можеа да ги сокријат емоциите.
Подоцна, Северина на социјалните мрежи откри колку овој концерт бил посебен за неа:
„Не би била ваква каква што сум, ако не сум од Сплит. Од мојот град заминав за време на војната и ја отпеав песната што е моја лична карта. „Далматинка“ по срце, душа, инает и темперамент. Но, на оваа публика пред мене тоа и онака не треба да ѝ го објаснувам, таа тоа го знае - исти сме.“
