По серијата тажни случувања што ја потресоа земјата во изминатиот период, Снеже Велков потсети колку е важно да покажуваме љубов и почит додека можеме.
Познатата водителка вели дека животот е премногу краток за одложени емоции и неизговорени зборови, но и дека сите зборови и прегратки што ќе ги испратиме „премногу доцна“ веќе немаат иста вредност.
Нејзиниот апел во целост:
Пребрзо нè снемува, се ретчиме пречесто!
Пречести се црнобелите фотографии и зборовите слава му
Пребројни се сочувствата а преболни желбите: „Барем само уште еднаш!“
Затоа:
Не попосле,
Не покасно,
Не утре,
Не за кратко,
не по еден час,
СЕГА ВЕДНАШ!
Покажи, јави се, докажи, проголтај, прозбори, ислушај, помоли, прости..
Гушни, кажи, пофали, напиши, спомни, речи!
И ако е близок, и ако е подалечен, и ако е познаник!
Кажи да те чуе, да те види, да те гушне, да пушти солза, да се насмее на цел глас, да ти каже едно фала или „Ај не заебавај“!
ДОДЕКА МОЖЕ, ДОДЕКА Е ТУКА!
Оти сите нешта после речени, сите пофалби за на небо искажани и сите прегратки во вечност испратени - немаат ни приближно иста вредност
Еден ден сите зборови ќе бидат убаво напишани, сите стихови ќе расплачат срце, секоја реченица ќе пара душа.
Но ништо од ова нема да има смисла
Затоа што ТОЈ што треба да слушне, не е тука.
Пребрзо нè снемува, се ретчиме пречесто…
