Лара Иванова го објави спотот за песната „Доминантен“, со којашто се претстави на 40-годишниот јубилеј на „Макфест“.
Во него, младата македонска пејачка танцува и пее во атрактивни изданија.
Автори на музиката за „Доминантен“ се Лара и Андреј Николов, текстот е дело на Андреј Поповски и Робин Зимбаков, а за аранжманот, миксот и мастерингот се погрижи Андреј Николов.
Видеоспотот е во режија на Стефан Димитриевски. Погледнете го:
Со комбинација на моќен вокал, уверлива кореографија и сценска енергија, Лара на „Макфест“ покажа дека е подготвена да го крене нивото на современиот поп израз во Македонија.
„Настапот на Макфест за мене беше продолжение на она што се случува во видеоспотот. Сакав публиката да ја почувствува истата енергија што ја пренесувам на екранот – силна, но и емотивна. Да пееш и танцуваш во жив настап е навистина напорно, но тоа е дел од она што го сакам. Сакам музиката да ја раскажувам и преку движењето, не само преку зборовите. Тоа е начин да бидам искрена со себе и со публиката“ – нагласи Лара.
