Поради брзиот начин на живот и секојдневните трчаници, многу често забораваме да се грижиме за себе и за нашето здравје.
Сузана Турунџиева со моќна порака допира до илјадници свои фанови, советувајќи ги да престанат да се натпреваруваат со животот и да се стават себеси на прво место.
„Сè може да почека, само твоето здравје НЕ“ – пишува македонската пејачка.
Еве ја во целост нејзината порака:
Трчаш за на работа...
Трчаш да се вратиш од работа...
Трчаш да најдеш и дополнителна работа...
Трчаш да платиш сметки, рата за кредит, летување за децата... Школување... Курсеви, секции...
Трчаш да испазариш, да зготвиш, да пречекаш и испратиш гости...
Трчаш по состаноци, настани, „битни“ средби... Ги оставаш „на чекање“ најважните луѓе во твојот живот, за некои наводно „значајни“ настани...
Трчаш и никако да истрчаш насекаде.
До каде, до кога?! Зошто?!
Престани да се натпреваруваш со животот, успори малку, земи душа, преиспитај се и откриј на колку СÈ места НЕ МОРАШ ДА БИДЕШ... Намали си го малку товарот кој сам(а) си го качил(а) на твојот грб... Престани да мислиш на СÈ и на СИТЕ, СЕКОГАШ! НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА СЕ СТАВИШ СЕБЕСИ НА ПРВОТО МЕСТО, особено ако од тебе зависат и други членови во семејството!
Запамти!!!
СÈ може да почека, само твоето здравје НЕ!
Закажи прегледи и грижи се за твоето здравје, НАЈПРВО ЗА СЕБЕ, после за сè останато!
Пред неколку дена, Сузана напиша уште една силна порака на Facebook.
