Фестивалската треска е пред кулминација во Штип. Синоќа се одржа втората вечер од јубилејното 40. издание на „Макфест“.
Пред почетокот на манифестацијата во Градот под Исарот, учесниците и дел од организаторите позираа за фоторепортерите.
На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, настапија победниците од првата вечер на дебитантите, а ним им се придружија и веќе утврдени имиња на македонската сцена како Јанг Дади, Лара Иванова, Коки, Димитар Андоновски и Павле Камиловски.
Фестивалот го водат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски.
Погледнете го модниот избор на присутните:
Фото: Тоши Трајчев, Дејан Коцев / Femina.mk
