Откако дефилираа на ревијата на Victoria’s Secret, Џиџи и Бела Хадид отпатуваа во Лос Анџелес за да присуствуваат на свадбата на нивната сестра Алана.
Популарните модели беа трогнати до солзи за време на церемонијата на која Алана стапи во брак со продуцентот Рос Вилијамс.
Како и невестата, Џиџи и Бела беа босоноги на венчавката која се одржа во дворот на имот на нивниот татко Мохамед. И двете носеа долги елегантни фустани во зелени нијанси.


Алана блескаше во винтиџ венчаница од Вивиен Вествуд.


Главни улоги во свадбената церемонија имаа и Анвар и Мариел Хадид.


Џиџи, Бела и Анвар се деца на Мохамед со неговата втора сопруга Јоланда Хадид додека Алана и Мариел се од неговиот прв брак со Мери Батлер.












