Лила Филиповска наполни 54 години „во облаците“.
Македонската водителка сподели фотографии на кои позира со роденденската торта во авион додека лета кон Бразил и напиша дека си ја исполни роденденската желба – да ја посети статуата на Исус Христос на планината Корковадо во Рио де Жанеиро, која се смета за дел од Новите седум светски чуда.
„Исполнување на мојата роденденска желба, посетата на статуата на Исус Христос во Рио Де Жанеиро, симболот на христијанството. Ова колосално здание е високо триесет и девет метри и од таму се пружа прекрасен поглед на градот. Прогласен за едно од новите седум светски чуда. Едно од најпосетените места во Рио и нешто што никако не треба да го пропуштите при вашата посета во Рио Де Жанеиро“ – напиша Лила.




Претходно, таа објави фотографии направени во авионот и напиша:
„Она кога роденденот го славиш меѓу облаците... Благодарна сум на сè што имам и на сè што сум, на Бог, семејството, пријателите, соработниците. Научив дека мојот живот е само мој живот, другите можат да одат со мене ама не можат да одат за мене. Посакувам само здравје и на себе и на вас кои го читаат ова… И да, што повеќе патувања низ светот нови предизвици и уживање во животот затоа што единствено со патувањето потрошените пари те прават уште побогат“.



Филиповска сподели и фотографии со Биг Мама од посетата на Сао Паоло.









