Марија Микиќ со енергичен настап ја забавуваше публиката во Скопје. Познатата српска пејачка, која неодамна помина низ тежок период на развод и операција на гласните жици, повторно се врати на сцената во атрактивно издание.
Својот изглед таа му го довери на нејзиниот пријател и „брат“, како што самата го нарекува, стилистот Октај Сејди. Модерната брановидна фризура и ефектната шминка, која ја истакна нејзината природна убавина, придонесоа за повпечатлив сценски настап.
Марија ја истана својата фигура во нежен бел фустан изработен од романтична тантела, со потпис на Милица Тричковиќ.








33-годишната пејачка во април годинава помина низ операција за отстранување на цистите на гласните жици. Таа е мајка на ќерката Ѓурѓа и синот Милија, кои ги има од бракот со поранешниот сопруг Јован Пантиќ.