Веста за смртта на Владимир Блажев – Панчо ја потресе јавноста, а уште подлабоко ги погоди неговите најблиски, меѓу кои и неговиот пријател Христијан Тасковски.
Таско скршен од тага преку социјалните мрежи со црно-бели фотографии и емотивна објава се збогуваше со Панчо, кој како што вели, го чувствувал како „роден брат“, изразувајќи неверување и огромна болка по ненадејната загуба:


Душата ми е распарчена стари...
Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам.
Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.
Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг...
Стари мој, сè што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.
Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе го носам пламенот во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш...




Панчо, заедно со Андреј Ѓорѓиески, беше дел од ДНК уште од 2002 година. Дуото остави длабока трага на македонската музичка сцена.
Во пожарот во Кочани згаснаа животите на речиси сите членови на ДНК - пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.


