Почетна » Новости » Актуелно » „И онака заминуваме со празни раце. Треба да го градиме богатство во себе“: Пораката на Панчо која треба да ја запаметиме

„И онака заминуваме со празни раце. Треба да го градиме богатство во себе“: Пораката на Панчо која треба да ја запаметиме

Смртта на Владимир Блажев – Панчо наврати многумина на најубавите спомени со него и на неговите изјави и пораки за животот.

Една од Instagram објавите на популарниот музичар одново се споделува, затоа што на силен начин го доловува неговиот светоглед. Во продолжение е лекцијата која секој треба да ја прочита:

Панчо

На овој свет сите сме дошле сами и ќе си отидеме сами.

Си дошол гол.

Ќе си отидеш гол.

Си дошол слаб.

Ќе си отидеш слаб.

Твоето прво бањање?

Некој те избањал.

Твоето последно бањање?

Некој ќе те избања.

Тогаш зошто е потребна сета таа злоба, завист, омраза, его…..

И онака заминуваме со празни раце.

Треба да го градиме богатство во себе.

Луѓето ќе нè памтат по нашата добрина, хуманост и колку љубов сме дале и оставиле зад себе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29672 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.