Почетна » Новости » Актуелно » Сергеј Ќетковиќ со последен поздрав за Панчо: „Те гледав како брат, твојата добрина и насмевка ме одушевуваа“

Сергеј Ќетковиќ со последен поздрав за Панчо: „Те гледав како брат, твојата добрина и насмевка ме одушевуваа“

Сергеј Ќетковиќ се збогуваше со Панчо. Познатиот српски пејач со заедничко селфи и емотивни зборови се прости од неговиот драг пријател и колега Панчо.

Панчо

„Добар мој,

Од првиот ден те гледав како брат. Знаеш, она кога луѓето веднаш се препознаваат, како да се знаат цел живот. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила на секоја средба ме одушевуваа и охрабруваа за секој нов ден.

Имавме многу планови, идеи… Многу требаше да направиме, да си кажеме, да осмислиме...

Патувај, брате мој, одмори се. Нека Ангелите те одведат на некое подобро место и Господ нека ти подари Рај.

Те сака твојот брат.“

Видно потресен од трагичната вест, Сергеј сподели и фотографија од Панчо со хитот „Ако утре ме нема“.

Панчо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29686 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.