Елена Ристеска со многу емоции и трогателни зборови се присети на дружењето со нејзиниот пријател Панчо и ја опиша болката по неговата смрт.
Македонската пејачка потенцираше дека го сакала како роден брат и дека не може да се помири со помислата дека веќе го нема на овој свет.

Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го немав!
Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме!? Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати?!
Од правење друштво во диско дур пушташ музика- до одење на литургија заедно. Спотови, дуети, турнеи, концерти…Се прејадувавме со бајадери додека се возевме. Се лутевме еден на друг понекогаш како прави брат и сестра. Со жар и возбуда ми ја пушташе секоја нова песна, последно ми пушташе идеи за дует наш со ДНК кој никогаш не го снимивме!
Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе!? Ах, Бате мој, „Како да се радувам јас кога те нема?“
До следно видување, таму горе, каде нема вакви неправди и болка.
Елена сподели и фотографии од нивните професионални и приватни авантури.













