Почетна » Новости » Актуелно » Маја, сопругата на Панчо: „Ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не си кажавме“

Маја, сопругата на Панчо: „Ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не си кажавме“

Маја, сопругата на Панчо, во кратка порака им се заблагодари на сите лица кои во „Аџибадем Систина“ посветено се грижеа за нејзиниот сакан додека се лекуваше од последиците од пожарот во Кочани.

На објавата од болницата, таа коментираше:

„Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не си кажавме цел живот. Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период.

Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка.“

Маја и Панчо се родители на две деца - Андреја и Марјан.

Панчо Панчо Панчо

„Аџибадем Систина“ посветија емотивен пост на познатиот музичар од ДНК, кој се лекуваше седум месеци кај нив и изразија сочувство до семејството:

Почивај во мир, драг наш Панчо…

Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…

Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја…

Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе …

Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме…

Панчо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29687 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.