Принцезата Кетрин шармираше со совршен есенски стајлинг додека го промовираше новиот проект на нејзиниот Центар за рано детство.
43-годишната припадничка на британското кралско семејство ја посети организацијата Home-Start во Оксфорд, каде разговараше со родители и волонтери и ја претстави новата анимирана серија, која им помага на семејствата во градењето на емоционалните и социјалните вештини за време на првите пет години од животот на детето.

Кетрин носеше идеално скроен костум со потпис на Викторија Бекам во маслинесто-зелена нијанса која влегува во палетата на најмодерни бои на есента.
Наместо класична кошула, популарната принцеза избра едноставна маица во истата нијанса, создавајќи монохроматски, но многу современ и елегантен изглед.








