Почетна » Новости » Актуелно » Децата ѝ живеат во друга држава, добива смртни закани... Која е Марија Корина Мачадо добитничката на Нобелова награда за мир?

Децата ѝ живеат во друга држава, добива смртни закани... Која е Марија Корина Мачадо добитничката на Нобелова награда за мир?

Марија Корина Мачадо е овогодишна добитничка на Нобеловата награда за мир.

58-годишната венецуелска опозициска лидерка, која е симбол на отпорот против авторитаризмот на Николас Мадуро, ја доби наградата за својата „неуморна борба за демократските права на народот на Венецуела и за стремежот кон правична и мирна транзиција од диктатура кон демократија“.

Марија Корина Мачадо

Мачадо е позната како бескомпромисна критичарка на власта и гласен борец за слобода и човекови права. Препознатлива е по својата храброст, бидејќи и покрај заканите по нејзиниот живот, одби да ја напушти земјата и продолжи да води мирна, но силна борба против режимот на Мадуро.

Марија е мајка на три деца кои живеат во странство поради бројните смртни закани.

Марија Корина Мачадо Марија Корина Мачадо Марија Корина Мачадо

Во 2023 година, Мачадо беше избрана за заеднички кандидат на опозицијата за ланските претседателски избори, освојувајќи огромна поддршка од народот. Иако Врховниот суд ја дисквалификува поради наводна корупција, таа остана највлијателната фигура во опозицијата.

За многумина, таа беше вистинскиот лидер во сенка, иако нејзиниот сојузник Едмундо Гонзалес формално ја предводеше изборната трка.

Во август 2024 година, Мачадо изјави дека е принудена да се крие, стравувајќи за својот живот. Неколку месеци подоцна, преживеа обид за апсење и напад од државните безбедносни сили, непосредно по еден митинг. За многумина тоа бил уште еден показател за нејзината пожртвуваност и храброста да се биде жена, лидер, опозиционер и борец во земја во која режимот не трпи критика.

Марија Корина Мачадо Марија Корина Мачадо Марија Корина Мачадо

Родена во Каракас во 1967 година, Мачадо ја основаше граѓанската организација Súmate, која играше клучна улога во надгледувањето на изборите и поттикнувањето на демократските процеси. Поради својата работа, често беше мета на правни прогони и закани.

Во мај, за Денот на мајката, Марија на Instagram напиша:

„Среќен ден за сите мајки во светот, и целата моја сила за оние кои денес не можат да ги прегрнат своите деца... Јас имам милиони деца, и на секое од нив му ветувам дека секој миг од мојот живот е за вас; повторно ќе можете да ги прегрнете вашите мајки, ќе имате добра, светла и безбедна Венецуела, и ќе бидете многу горди што сте ВЕНЕЦУЕЛЦИ.“

Марија Корина Мачадо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29592 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.