Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша се доказ дека љубовта не познава граници и стереотипи.
51-годишната пејачка и 37-годишниот музичар уживаат во бракот кој трае повеќе од 10 години. Во интервју за емисијата „Ако проговорам“ на K1 Телевизија, Раша зборуваше за моментот кога започна нивната романса и за првата средба.


„Јас и пред тебе имав врска со постара девојка. Добро, таа беше само 8 години постара од мене, не беше многу“ – се пошегува Раша, кој е помлад 14 години од Гоца.
Тој раскажа дека набрзо раскинал со таа девојка, а по месеци статус сингл, на пријателите им рекол дека наскоро ќе си најде нова девојка. За тој момент, изјави:
Потоа седев со своите другари, тогаш 8-9 месеци немав девојка, им реков дека наскоро ќе најдам девојка... дека веројатно ќе бидеме од иста бранша, ќе биде малку постара од мене, а можеби и повеќе, не ми е тоа ни важно мене. Ќе има мали стапала, гради онака како што сакам, руса коса, дете може да има или да нема, не ми е ни битно. Ако има дете, уште полесно, ќе добијам готов пакет.
И после месец дена, ми заѕвони телефонот, ме побара мојот пријател, еден колега соработник, и ме праша дали сакам да свирам со Гоца Тржан.
По недела дена беше пробата. Кога доаѓаше во студиото, буквално на 50 метри го почувствував нејзиниот парфем, нејзиниот мирис. Бобан ни рече кога ќе дојде Гоца цело време гледајте во неа, како ќе каже таа, така. Јас цело време гледав во неа како луд. И сфатив дека тоа е тоа.
Таа дури го праша Бобан: „Бобане, знае ли овој малиов да свири?“. Кога ја завршивме првата песна, таа беше возбудена, и ми рече: „Супер свириш, дојди да те бакне тетка Гоца.“
Парот стапи во брак на 20 септември 2015 година. Гоца има една порасната ќерка од првиот брак. Иако со Раша се обидувале да добијат заедничко дете, не успеале.


@k1.televizija U emisiji Ako progovorim, Raša nam je ispričao kako su se on i Goca upoznali? #K1televizija #GledajBezStida #Uranak1 #GocaTrzan #AkoProgovorim ♬ original sound - K1 Televizija
