Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не ни даваа ни неколку години, а камоли 10“: Гоца Тржан прослави годишнина од бракот со 14 години помладиот Раша

„Не ни даваа ни неколку години, а камоли 10“: Гоца Тржан прослави годишнина од бракот со 14 години помладиот Раша

Гоца Тржан со емотивна порака одбележа деценија брак со 14 години помладиот Раша Новаковиќ и допре многу срца на социјалните мрежи.

И покрај тоа што малкумина верувале дека љубовта меѓу неа и нејзиниот сопруг Раша ќе трае, Гоца денес гордо споделува дека ужива во брачниот живот. Еве го нејзиниот пост:

Гоца Тржан

И еве нè, точно пред десет години на овој ден… Ретко кој ни даваше неколку години, а 10 години дури и мене ме воодушевува, затоа што да ме издржиш мене, ваква, заслужува восхит. Само ти разбираш разгалено девојче и жениште во едно пакување, само ти го сакаш и оној намуртен, кратконог, бесен чичко кој излегува од мене кога се чувствувам немоќно и бесно, и нежната, емотивна жена кога се чувствувам најмоќно. Сè разбра и успеа да ме охрабриш да ги помирам сите спротивности во себе.

Гоца Тржан

И еве нè по 10 години, сè уште сме семејство. Побогати сме за една порасната девојка, побогати сме за сите луѓе што ги запознавме и можеме да ги наречеме пријатели, побогати за сите надминати таги и недостигања, побогати за секое заедничко утро...

Гоца Тржан

Знаеш дека мразам патетика, но чувствувам потреба да ти се заблагодарам: за сè што правиш за нас како татко, сопруг, пријател и маж; за тоа што не дозволуваш да си станеме само навика; за тоа што секогаш си поразличен и подобар и за тоа ти се восхитувам; за тоа што и јас секогаш сакам да бидам подобра. Те сакам. Те сакам слободно.

Нека ни е среќно. Не сме лоши: 14 години заедно, од нив 10 во брак. Кој би рекол за двајца вакви лудаци?

Гоца Тржан

Парот стапи во брак на 20 септември 2015 година. Гоца има една порасната ќерка од првиот брак. Иако со Раша се обидувале да добијат заедничко дете, не успеале.

Гоца Тржан Гоца Тржан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29182 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.