Почетна » Семејство » Дете » Психологот Наташа Бекирова со добри примери за самодовербата на децата на Денот на менталното здравје

Психологот Наташа Бекирова со добри примери за самодовербата на децата на Денот на менталното здравје

Денес се одбележува Светскиот ден на менталното здравје, кој има за цел да нé потсети на значењето на грижата за себе и за другите.

Во фокусот сè почесто се става една група која во минатото беше во сенка, а тоа се децата. Токму нивниот емоционален и психички развој ја поставува основата за личноста во која ќе прераснат, за тоа какви возрасни ќе станат, како ќе се носат со предизвиците и какви односи ќе градат со другите.

Раните искуства на детето директно влијаат на тоа колку ќе биде самоуверено и емоционално зрело во иднина.

Дете

Наташа Бекирова е дипломиран психолог, кој непрекинато ја потенцира важноста на безусловното прифаќање на детето онакво какво што е. На Светскиот ден на менталното здравје, за Femina.mk, истакна:

Колку раните искуства се позитивни, негативни и колку ќе бидат трауматични го детерминираат начинот на кој што понатаму ќе се развива личноста. Колку поголема благосостојба, безбедност и љубов им обезбедиме на децата толку поцврста и трасирана патека ќе имаат понатаму во животот. Ќе бидат поотпорни, емотивно зрели, ќе формираат поздрави релации, ќе бидат поборбени кон предизвиците кои животот неминовно ги носи. Менталното здравје на децата е навистина многу важно.

Наташа Бекирова

Бекирова во пост на Facebook преку примери наведе како родителите можат позитивно да делуваат на зголемување на самодовербата и подобрување на менталното здравје кај децата. Еве ја нејзината објава.

Дете

Една од најдлабоките и базични потреби кај секое дете е да се чувствува безусловно прифатено.

Тоа значи дека детето треба да слуша и чувствува дека е сакано не поради тоа што е „мирно“ или „послушно“, туку поради тоа што е уникатно и неповторливо.

Неколку пример кои можат позитивно да влијаат врз самодовербата и менталното здравје на децата.

Добар пример: Јас те познавам добро, ти си добро дете, а ова однесување кога удираш баш ме изненадува.

Кажувај му често дека го сакаш безусловно

Добар пример: Те сакам и кога се смееме и кога се караме. Те сакам секогаш.

Слушај го детето со внимание, будно и присутно

Добар пример: Дојди сега да ми кажеш, сега сум целосно тука за тебе.

Дозволи му да се чувствува луто, тажно, исплашено

Добар пример: Ми личи дека се чувствуваш лутo. Сигурно имаш силна причина да се чувствуваш така. Раскажи ми за тоа.

Уважи го трудот, не само резултатот

Добар пример: Многу се потруди да си ги средиш играчките, баш си вредно дете.

Дозволи му да греши

Добар пример: На секој може да му се случи грешка. И јас понекогаш грешам. Што можеш да направиш поразлично следниот пат?

Покажи му дека веруваш во него, дури и кога самото се сомнева

Добар пример: Гледам дека те лути кога не успеваш да ги наредиш коцките, ама јас сум сигурна дека ако многу вежбаш, ќе успееш.

Поттикни ја самостојноста

Добар пример: Многу се гордеам со тебе, што успеваш сам/а да си ја средиш собата.

Наташа БекироваНаташа Бекирова, психолог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29592 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.