Почетна » Новости » Промо » Триглав: АM Best ги потврди високите кредитни рејтинзи „A“ со стабилен среднорочен изглед

Триглав: АM Best ги потврди високите кредитни рејтинзи „A“ со стабилен среднорочен изглед

Агенцијата за кредитен рејтинг очекува успешно работење на Групација Триглав во 2025-та година, во согласност со подобрената проекција за годишна добивка на Триглав

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, повторно им ја потврди оценката на финансиска моќ „A“ (Excellent) и долгорочната кредитна оценка на издавач „a“ (Excellent). Сите елементи на овогодинешните оценки остануваат на исто ниво како минатата година, а оценките имаат стабилен среднорочен изглед.

Високите рејтинзи ја потврдуваат оценката на Агенцијата дека Триглав има многу силна финансиска позиција, работи успешно и соодветно управува со ризиците. Влијанието на деловниот профил на компанијата и мнозинската државна сопственост врз оценката останува неутрално. При потврдувањето на високиот рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, Агенцијата ја нагласи нејзината стратешка важност за Триглав и силната интегрираност во Групацијата.

Според AM Best, капитализацијата на Триглав е на највисоко ниво и усогласена со неговиот ризичен профил. Дополнително, се истакнува добрата финансиска флексибилност, со докажан пристап до пазарите на капитал и долг.

Во работењето, Групацијата располага со конкурентски предности, меѓу кои и водечка позиција во Словенија и Адриа регионот и добро диверзифицирано портфолио. По две предизвикувачки години, Триглав оствари добри резултати во 2024-та година. Агенцијата очекува да работи многу успешно и во 2025-та година, што е потврдено со одличните полугодишни резултати. Годишните резултати се очекува да бидат во согласност со подобрената проекција за добивка на Триглав.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29592 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.