Мурат Јилдирим има посебна причина за славење. Неговата ќеркичка Мирам наполни три години.
46-годишниот турски актер, кој кај македонската публика остана запаметен по улогата на Саваш Балдар во хит-серијата „Љубов и казна“, и неговата сопруга Иман Елбани, роденденот на ќеркичката го одбележаа со весела прослава.
Иако Мурат ретко споделува детали од приватниот живот, овој пат на Instagram објави фотографија од роденденската забава со Стич и ликовите од „Frozen“.





Мирам досега е единствено дете на парот, добиено по долг и тежок пат до родителството. Мурат и Иман, се венчаа во март 2016 година, а се соочија со пет спонтани абортуси пред да ја добијат нивната принцеза.










