Почетна » Новости » Актуелно » „Со гордост ќе го носам твоето презиме“: Синот на Халид Бешлиќ не можеше да ги задржи солзите на собир во чест на татко му

„Со гордост ќе го носам твоето презиме“: Синот на Халид Бешлиќ не можеше да ги задржи солзите на собир во чест на татко му

Никој не остана рамнодушен на собирот во чест на Халид Бешлиќ пред Домот за млади во Сараево, на кој присуствуваше и неговиот син Дино.

Со солзи во очите Дино стоеше сред толпата и му оддаде последна почит на татко му, кој почина пред три дена, на 10 октомври. Собраните граѓани ги пееја неговите хитови и заедно тагуваа за загубата на легендарниот музичар со големо срце.

Бешлиќ
@klixportal

Niko nije ostao ravnodušan na okupljanju posvećenom Halidu, Dino Bešlić suzama odao počast ocu

♬ original sound - Klix.ba

Претходно, Дино со емотивна објава на социјалните мрежи се збогуваше со Халид.

„Драг мој Тато, би сакал сешто да напишам, но немам сила за тоа. Само знам дека многу ќе недостигаш во оваа екипа на фотографијата, а најмногу на твојата Ламија и твојот Белмин. Те сакаме многу и знај дека никогаш нема да те изневериме. Со гордост ќе го носам твоето презиме и бремето кое ми го остави. Твојот Дино“ – напиша тој.

Бешлиќ

Халид беше во брак 50 години со својата сакана Сејда, а Дино е нивно единствено дете. Тој не пропушташе да нагласи дека најубавиот момент во нивниот живот било раѓањето на внуците.

Синот Дино во 2014 година доби близнаци со сопругата Махира.

Бешлиќ Бешлиќ

ФОТО: Instagram

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.