Почетна » Новости » Актуелно » Трагедија: Почина Панчо од ДНК

Трагедија: Почина Панчо од ДНК

Македонската јавност е потресена од трагичната загуба на уште еден живот од пожарот во Кочани. Почина Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК.

Популарниот пејач настапуваше вечерта кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ и штом го забележа пламенот и чадот, на микрофонот ги советуваше сите да излезат надвор.

Панчо Панчо

Иако имаше информации дека неговата состојба е подобрена, за жал, тој не успеа да преживее.

Панчо беше татко на две деца - Андреја и Марјан.

Панчо

Во пожарот во Кочани згаснаа животите на речиси сите членови на ДНК - пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.

Панчо

Панчо и Андреј повеќе од две децении ја забавуваа публиката и нижеа хит по хит. Тие ја основаа групата ДНК во 2002 година и оттогаш имаа издадено 3 студиски албуми, една „best of“ компилација и едно EP.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29666 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.