Почетна » Новости » Актуелно » „Срце планина“, „Не е ова место за луѓе со премногу љубов и добрина“: Каролина и Тамара емотивни по смртта на Панчо

„Срце планина“, „Не е ова место за луѓе со премногу љубов и добрина“: Каролина и Тамара емотивни по смртта на Панчо

Никој од колегите на Панчо од ДНК не остана рамнодушен на веста за неговата смрт.

Каролина Гочева и Тамара Тодевска споделија заеднички фотографии со покојниот пријател, кој како што велат „имаше срце планина“ и беше предобар за овој свет.

Панчо

Еве ги нивните пораки:

Тамара Тодевска

Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.

Многу дружби, спомени, концерти, снимања...
Многу смеење, музика и емоции...

Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали советува...

Патувај мирно Џуџе.
Секогаш ќе те сакам.

Панчо Панчо

Каролина Гочева

Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…

Панчо

Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК почина денес по седуммесечна хоспитализација поради повредите и последиците од пожарот во Кочани.

Панчо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29668 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.