Принцот Лека Втори се вери со својата избраничка, фотографката Блерта Целибаши, две години по разводот од првата сопруга со која има една ќерка.
43-годишниот принц сподели фотографии од прославата во живописниот Ксамил, во Албанија, на која присуствуваа членовите од семејството и најблиските пријатели. На бајковитата веридба покрај море, убавата невеста блескаше во фустан со долги ракави во шампањ нијанса.


Во официјалното соопштение на социјалните мрежи стои:
„Кралскиот двор со голема радост ја објавува свршувачката на Неговото Кралско Височество, принцот Лека II и Блерта Целибаши. Свршувачката беше свечено прославена на 11 октомври 2025 година, во Ксамил, јужна Албанија, во присуство на семејството и најблиските пријатели.“
„Кралското семејство ја споделува својата среќа со албанскиот народ и изразува искрена благодарност до сите кои упатија добри желби по повод овој радосен настан.“












Ова е втор брак на принцот Лека. Од 2016 до 2024 година тој беше во брак со актерката Елија Захарија. Нивната ќерка, принцезата Џералдина, се роди во октомври 2020 година.

