Северина ја „раздрма“ втората вечер на велешка „Питијада“ со впечатлив настап.
53-годишната хрватска пејачка својот изглед повторно му го довери на познатиот шминкер Дадар, кој на социјалните мрежи сподели фотографии од подготовките, пишувајќи:
„Убава одвнатре и однадвор. Го работам она што најмногу го сакам - шминка и насмевка за најдобрата балканска ѕвезда, Северина.“



Облечена во црна кожена комбинација составена од атрактивен корсет и хеланки, Северина ја подигна енергијата на сцената и ја воодушеви публиката.
Во еден момент, таа гордо го развиори македонското знаме, испраќајќи порака на љубов и почит кон македонската публика.





Фото: Дадар Instagram, Општина Велес Facebook